ПОВЕЌЕ

    Измени во Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката.

    „Ве известуваме дека на ден 29.5.2020 година проф. д-р Тито Беличанец поднесе писмена оставка од член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, заклучно со 30.6.2020 година.

    Професорот д-р Тито Беличанец е член на Надзорниот одбор на Банката од нејзиното основање во 1993 година. Со својот професионален, стручен и активен ангажман во годините што изминаа, остава значаен позитивен придонес во изградбата на еден модерно корпоративно управуван економски субјект како што е ТТК Банка АД Скопје денес.

    Мисијата на ТТК Банка АД Скопје да создава вредности за нејзините комитенти, акционери и вработени на која професорот Беличанец беше целосно посветен, останува и понатаму главното мото на кое се заснова нашата стратегија во работењето.

    Во оваа прилика, ТТК Банка АД Скопје ја изразува својата благодарност кон проф. д-р Тито Беличанец за досегашното членство во Надзорниот одбор на Банката и му посакува и понатаму да остане активен во претставувањето на своите идеи за изградбата на модерните корпоративни вредности на субјектите во македонската економија.”, се вели во соопштението на ТТК Банка.

    Поврзана вест: 1.000 Евра казна за Тито Беличанец – КХВ го товари за тргување со инсајдерски информации за „Тетекс“

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично