ПОВЕЌЕ

    Iute Group: Растот на Myiute ја забрзува трансформацијата кон дигитален финансиски екосистем

    Време зa читање: 4 минути

    Групацијата Иуте – дигитална банкарска групација фокусирана на секојдневни финансиски услуги во Југоисточна Европа, ги објави резултатите од работењето во првото полугодие на 2026 година, со вкупни приходи кои достигнаа 66.1 милиони евра, што претставува раст од 11.1% во однос на истиот период минатата година и нето добивка во износ од 4.1 милиони евра.

    Групацијата  продолжува да се трансформира од компанија фокусирана на кредитирање, во дигитален финансиски екосистем – со Myiute во центарот на оваа промена.

    Во годината кога Myiute одбележува 5 години од почетокот на имплементацијата во Иуте Македонија, со 1.82 милиони преземања и годишен раст од 9.8%, како и речиси 2.7 милиони трансакции во првата половина од 2026 година, Myiute успешно расте и транзитира од финансиска кредитна апликација кон целосен екосистем на услуги и секојдневна дигитална платформа.

    Диверзификацијата на услугите веќе се одразува и во структурата на приходите на групацијата расте и улогата на осигурувањето

    Она што е интересно покрај финансиските показатели, е промената во самата структура на бизнисот: Иуте успешно и стабилно го гради моделот на дигитална финансиска платформа во која плаќањата, финансирањето, банкарските услуги и осигурувањето се поврзуваат во едно корисничко искуство.

    Приходите од осигурително-брокерски услуги во првата половина од 2026 година пораснаа за 59.6% на годишно ниво, при што осигурувањето учествува со 5.7% во вкупните приходи на групацијата.

    „Растот на осигурувањето покажува дека развојот на дигиталната банка придонесува за диверзификација на нашата приходна база. Растевме во приходите, додека истовремено инвестираме во нови можности. Нашата цел е брзо да ги развиваме нашите понуди и да идентификуваме кои услуги корисниците навистина ги сакаат и им се потребни“, вели Тармо Силд, Извршен Директор на групацијата.

    Исто така, во текот на првата половина од годината, преку Myiute Wallet биле реализирани речиси 2.7 милиони трансакции, што претставува 4.7% повеќе во споредба со истиот период минатата година.

    Овие бројки се дел од пошироката промена во начинот на кој корисниците ги користат финансиските услуги. Наместо различни апликации и провајдери за различни потреби, корисниците сè повеќе очекуваат едно дигитално искуство преку кое можат да плаќаат, да префрлаат средства, да пристапат до финансирање, да се осигурат и да управуваат со своите финансии.

    Раст со фокус на квалитетот

    Во првата половина од 2026 година, бруто кредитното портфолио на групацијата достигна 397 милиони евра, што претставува раст од 5.3% на годишно ниво.

    Групацијата продолжи со пристап заснован на ризик, со приоритет на квалитетот на портфолиото наместо на растот на обемот по секоја цена. Стапката на одобрени кредитни апликации се намали од 61% на 52% на годишно ниво, додека индикаторот за дисциплина во отплатата CPI30 (сервисирање на редовни обврски до 30 дена) се подобри од 87.9% на 89.3%.

    Myiute – од кредитна апликација кон секојдневна дигитална финансиска платформа, која е промената за корисниците?

    Развојот на Myiute не се сведува само на додавање нови функционалности. Целта е различните финансиски услуги постепено да станат дел од едно поврзано и персонализирано корисничко искуство.

    Традиционално, финансиските услуги се организирани околу производи – кредит, платежна услуга, осигурување или банкарска сметка. Дигиталниот корисник пак, сè повеќе размислува околу потребата. Оваа промена во однесувањето е во основата на стратегијата на Иуте, следната фаза не е само во тоа кои нови производи ќе ги понуди, туку како тие производи ќе бидат поврзани околу корисникот, преку едно целосно дигитално искуство. Целта на развојот на Myiute е корисникот постепено да може да заврши повеќе финансиски задачи – од плаќање и трансфер, до финансирање, осигурување и банкарски услуги.

    „Не сакаме само корисниците почесто да ја отвораат апликацијата. Сакаме таа да им биде покорисна во повеќе моменти од нивниот финансиски живот“, вели Силд.

    Ова е и суштината на трансформацијата на Иуте – од компанија која традиционално ја поврзувавме со кредитирање, кон дигитален финансиски партнер кој им помага на корисниците да направат повеќе со своите пари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично