ПОВЕЌЕ

    ИутеКредит Македонија – информација за лажно претставување

    Време зa читање: 2 минути

    Финансиското друштво ИутеКредит Македонија информира дека забележана е појава на остварување контакт со лица од Република Македонија со лажно претставување од страна на телефонскиот број 078613083. Поконкретно, лажното претставување во повиците е дека контактот е во име на ФД ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, а со нив испраќачите имаат за цел, повикувајќи се на лажниот идентитет, противправно да остварат финансиска корист и/или да приберат лични податоци коишто потоа можат да бидат злоупотребени. При воспоставениот контакт се обидува да се дојдат до податоци, вклучувајќи документ за лична идентификација, број на платежна сметка и други и притоа нудејќи за возврат неповратни парични средства.

    – Оттука, укажуваме на потребата од внимателно постапување доколку имате добиено или ако во натамошниот период добиете вакви пораки и/или повици за коишто цените дека се од сомнителен карактер, односно пораки во коишто ви се нуди нешто што не делува остварливо и вистинито и во коишто има претставување во име на ФД ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје. Поконкретно, доколку не сте сигурни дека станува збор за порака испратена од нашата легитимна е-адреса или нашите телефонски броеви, укажуваме дека е потребно да ја игнорирате таквата порака и да не започнувате комуникација во којашто ќе дадете ваши лични податоци или ќе одговорите на барање за достава на вашата платежна сметка или било кој друг личен податок.

    Се препорачува, доколку, сепак, некој мисли дека електронската порака можеби е испратена од ФД ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, прво да се обратите до нас.

    Притоа, доколку сакате вашето обраќање да го остварите преку е-пошта, соодветно е да го направите тоа преку нова, а не како одговор на сомнителната е-порака.

    Официјални канали на комуникација на ФД ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје се:

    Телефон: 13-333

    е-адреса: [email protected]

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично