ПОВЕЌЕ

    Во текот на цел Септември ќе има вонредна исплата на пензии

    Време зa читање: < 1 минутa

     

    Сепак 20.000 пензионери кои не успеале да отворат сметка во друга банкам, нема навремено да ги добијат месечните приходи по основ на пензија.

    Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување велат дека тие ќе имаат можност да го сторат тоа подоцна.

    Сите кои не отворија нива сметка, ќе треба тоа да го направат до следниве рокови: 07, 14 или 25 септември.

    Ова значи дека оние кој што не успеале да отворат нова сметка, ќе ја добијат пензијата во текот на следниот месец. Од Фондот за пензиски осигурување велат дека ќе има вордедни исплати во текот на цел септември, но апелираат граѓаните нова трансакциска сметка да извадат што е можно побрзо.

    Проблемот се јави по затворањето на Еуростандард банка која имаше договор со банката. Сега се бара нова банка која ќе опслужува на шалтерите на пошти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично