ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка ќе врши предвремена исплата на пензиите

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка АД Скопје ги известува своите ценети клиенти дека почнувајќи од 26-ти ноември 2020 година ќе врши исплата на пензијата за месец ноември на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје и тоа на следниот начин:

    • од 26.11.2020 година (четврток) на корисниците на Visa дебитните картички кои ќе можат да располагаат со средствата, безготовински – преку мрежата на банкомати или за плаќања во трговската мрежа.

    За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, заради заштита на нивното здравје и превенција од ширењето на коронавирусот, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури во 4-ри групи според висината на пензијата и тоа:

    • до 11.000 денари на 26.11.2020 г. (четврток)
    • од 11.001 до 14.000 денари на 27.11.2020 г. (петок)
    • од 14.001 до 18.000 денари на 30.11.2020 г. (понеделник)
    • над 18.000 денари на 1.12.2020 г.  (вторник)

    Од банката апелираат средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа, преку електронско банкарство TTK E-bank или мобилно банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.

    Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, од ТТК Банка потсетуваат дека задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.

    Пензионерите коишто не поседуваат дебитна картичка можат да ја искористат посетата за да поднесат Апликација за VISA Classic Debit дебитна картичка, за изработка на картичка поврзана со нивната сметка. На тој начин нивните средства ќе им бидат достапни во секое време за плаќање во трговската мрежа, а ќе имаат и можност за подигнување на средствата од банкомат.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично