ПОВЕЌЕ

    ИНТЕРВЈУ| ЏИКОВ: ДатаБанк е прва компанија што ќе креира платформи за размена на финансиски податоци во Македонија

    Време зa читање: 5 минути

    ,,За прв пат во Македонија со формирање на компанијата ДатаБанк ДООЕЛ Скопје ќе се постават нови стандарди во финансискиот свет и достапноста до податоци. Компанијата од самото формирање почна да развива платформи кои се базираат на концептот глобално познат како Sharing Economy кој подразбира делење на секаков вид ресурси и знаења за нивно максимално искористување во интерес на стопанството и потрошувачите”, вели во интервју за ,,Пари”, управителот на ДатаБанк, Бојан Џиков.

    Џиков појаснува дека платформата ќе функционира на начин што без никаков надомест ги става на располагање на своите корисници сите знаења и капацитети од сферата на финансиска анализа и со тоа секој корисник има јасен преглед на финансиските параметри на компанијата надополнето со соодветно објаснување на истите.

    Пари: ДатаБанк е нова иновативна компанија на македонскиот пазар, што е новото што го нуди компанијата?

    Џиков: Ми претставува огромна чест да ја претставам новата компанија на македонскиот пазар, ДатаБанк ДООЕЛ Скопје, компанија со иновативен пристап која има за цел да постави нови стандарди во работењето и достапноста до податоци. Компанијата од самото формирање почна да развива платформи кои се базираат на концептот глобално познат како Sharing Economy кој подразбира делење на секаков вид ресурси и знаења за нивно максимално искористување во интерес на стопанството и потрошувачите.

    Пари: Која е првата платформа што ќе се претстави на пазарот и што ќе значи тоа во светот на бизнис информации?

    Џиков: Првата платформа која се подготвува да се претстави на нашиот пазар е платформата за размена на финансиски податоци –Бонитет.мк и претставува Business Intelligence (BI)систем кој брзо и ефикасно генерира комплетна финансиска анализа врз основа на финансиски податоци содржани во основните финансиски извештаи – Биланс на состојба и Биланс на успех.

    Платформата функционира на начин што без никаков надомест ги става на располагање на своите корисници сите знаења и капацитети од сферата на финансиска анализа и со тоа секој корисник има јасен преглед на финансиските параметри на компанијата надополнето со соодветно објаснување на истите. На ваков начин самата платформа го води корисникот на лесен, брз и ефикасен начин кон носење на соодветни заклучоци и одлуки потребни во секојдневното работење и сето тоа без разлика на финансиските познавањакои ги има корисникот.

    Пари: Која ви беше првичната идеја да започенете со ваков проект и што очекувате да постигнете?

    Џиков: Со овој прв проект имаме мисија да го обединиме македонското стопанство на начин кој треба да им овозможи на компаниите да имаат лесен пристап до клучни податоци занивното оперативно и финансиско работење, односно користењето на платформата Бонитет.мк да претставува финансиска алатка која ќе го прикаже она што во финансиските извештаи не може да се види “со голо око” како и да осветли една друга страна на финансиската анализа – предностите од работењето кои треба да се максимизираат и слабостите во работењето кои се настојува да се минимизираат.

    Финансиските податоци се податоци од јавен карактер речиси секаде во светот, а финансиската анализа е стандард во работењето на секој сериозен бизнис. Со овој проект на компаниите намакедонскиотпазар ќе им овозможиме да ги почувствуваат предностите и поволностите од следење на трендот кој бизнисите од регионот(Србија, Бугарија, Албанија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Романија итн) веќе го применуваат, а тоа е лесен пристап до финансиските податоци на сите компании.

    Пари: Како ќе ги убедите компаниите да споделуваат финансиски податоци, се уште сме прилично затворено општетство кога станува збор за објавување на профитите?

    Џиков: Во периодот кој следи ќе започнеме кампања за да ја зголемиме свеста на компаниите за придобивките кои произлегуваат од споделувањето на сопствените финансиски податоци со своите добавувачи и купувачи.На ваков начин се остава простор компаниите да ја увидат полезноста и значењето да се има можност и моќ во само неколку чекори да се добие информација за условите, начините и времетона сервисирање на обврските / побарувањата, обезбедување подобра основа за формирање на конкурентни цени и обезбедување подобра преговарачка моќ, детални анализи на своето портфолио на купувачи и добавувачи, детална анлиза на конкуренциските предности и слабости, утврдување на степенот на ризик што го носи соработката со нов клиент и воопшто подобро планирање на сопствените финансии, ефективност и ефикасност во користењето на средствата  како и утврдување на капацитетите на дејноста во која работи компанијата.

    Во идниот период очекуваме серија стратешки партнерства со кои ќе го започнеме процесот на работење и заживување на платформата Бонитет.мк како и прифаќање на истата од страна на корисниците како неопходна и моќна алатка која во времето во кое живееме и работиме повеќе претставува неопходна потреба отколку луксуз и од таа причина очекуваме нејзино масовно користење.

    Пари: Која порака сакате да им ја упатите на нашите претприемачи?

    На крај би сакал да ги охрабрам сите претприемачи да бидат горди на финансиските резултати на своите компании без разлика на нивната фактичка состојба бидејќи јасно е дека сите се стремат за успех а на патот до успехот нормално е да има и неуспех. Важно е да не се откажуваат од целта и да бидат дел од трендовите кои водат до успехот а во конкретниот случај тоа е токму тоа што ДатаБанк го нуди преку својата платформа за финансика анализа Бонитет.мк.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично