Доколку имате веб страна со голема посетеност, многу е лесно да почнете да заработувате. Започнете со најлесниот начин.
- AdSense. Тоа е нешто што го овозможува Google кој ви дава можност да ставате реклами на вашата веб страна. Откако ќе отворите сметка со Google Adsense, ќе ви биде даден код кој ќе треба да го вметнете на вашата веб страна. Секој пат кога некој посетител ќе кликне на него, вие ќе заработувате пари.
- Affiliate програми. Доколку имате веб страна за мобилни телефони, тогаш може да промовирате веб страни кои продаваат мобилни телефони. Секој пат кога некој ќе пристапи на тие online продавници преку вашиот линк, од вашата веб страна и купи мобилен телефон, вие ќе заработите дел од тоа. Доколку не знаете каде да започнете, една од најпопуларните платформи за промовирање на дигитални производи е Clickbank.
- Продавајте ваши дигитални производи. Од е-книги, до курсеви, има голем број на можности да го пласирате вашето знаење во дигитален производ. Можете да ја користите услугата Kajabi за да ги доставувате вашите дигитални производи на луѓето што ја купуваат.
- Продавајте свој простор за рекламирање. AdSense, кој е во сопственост на Google, е посредник. Ако не сакате да имате посредник, можете да одите директно на луѓето што сакаат да се рекламираат и да ги натерате да купат реклами.
- Продавајте физички производи. Доколку продавате производ кој создава вредност и кои луѓето сакаат да го купат, тогаш се што ви останува е да направите добар маркетинг.