ПОВЕЌЕ

    ИЕА, ММФ, Светската банка и СТО со порака до завојуваните страни на Блискиот Исток: Кризата е глобална, најпогодени сиромашните земји

    Време зa читање: 2 минути

    Челниците на ИЕА, ММФ, Светската банка и СТО издадоа заедничка изјава во која предупредуваат дека тековниот конфликт на Блискиот Исток предизвикува сериозни, глобални нарушувања на енергетските пазари и ги оптоварува виталните синџири на снабдување. Војната меѓу САД и Израел против Иран ја наруши трговијата, ги потресе финансиските пазари и предизвика загриженост во врска со глобалните енергетски резерви, особено преку Ормутскиот теснец, клучен пат за испорака на нафта и гас.

    Конфликтот, се вели во зедничкото соопштение, предизвика огромни недостатоци на снабдувањето, што резултираше со остри, нестабилни скокови на глобалните цени на нафтата, гасот и ѓубривата. Исто така, војната создаде закани за безбедноста на храната: Овие тесни грла во енергијата и транспортот директно ги зголемуваат цените на храната, создавајќи висок ризик од несигурност на храната, особено во земјите со ниски приходи и зависни од увоз.

    Притоа, се нагласува, постои непропорционално влијание на кризата – економиите во развој со ограничен фискален простор и висок долг се најтешко погодени. Поради ова, се нагласува, потребен е итен координиран одговор:

    Институциите се согласија да споделуваат податоци, да ги следат прекините во синџирот на снабдување, да координираат целни совети за политиките и да обезбедат финансиска поддршка или алатки за ублажување на ризикот за земјите најранливи на кризата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично