ПОВЕЌЕ

    Халк банка златен спонзор на годинешниот Macedonia Manufacturing Expo, 25-26 септември 2019

    Време зa читање: 2 минути

    Над 100 домашни и странски компании на „Macedonia Manufacturing Expo 2019″. Саемот ќе го отворат Марта Наумова Грнарова, претседателка на МАМЕИ, и директорот на Делегацијата на германското стопанство во Македонија, Патрик Мартенс.

    Халкбанка, една од најбрзо растечките банки во земјава, е златен спонзор на годинешното издание на Macedonia Manufacturing Expo. Спонзорството на Халкбанк е во насока на поддршка на иницијативата што ги воспоставува врските меѓу македонските и германските компании. Со оваа поддршка банката вложува во потенцијалите за развој на македонското стопанство во целост.

    Годинешното издание на Macedonia Manufacturing Expo се организира по третпат и негова цел е поврзување на домашните компании од металната и електро индустрија со купувачи од други земји, како и со странските директни инвеститори во земјава.

    Настанот се одржува денес и утре, 25-ти и 26-ти септември во Александар Палас во Скопје и е од регионален карактер на кој учествуваат фирми од лесно преработувачка индустрија, електроника, пластика, гума и слично како и 30-35 фирми потенцијални купувачи од Германија, Грција и Бугарија, но и банки и осигурителни компании кои се неопходни во целиов бизнис.

    Најавено е обраќање и на министерот за економија Крешник Бектеши, Арбен Вила, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, заменик-амбасадорот на Холандија, Андри ван Менс, и директорот на УСАИД, Едвард Гонзалес.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично