ПОВЕЌЕ

    Групацијата Триглав – Партнери за побезбедна иднина: Високи позиции и доверба на македонскиот пазар

    Време зa читање: 5 минути

    Со удел од 13,8 проценти, Групацијата Триглав минатата година го задржа третото место на македонскиот пазар, а премијата е зголемена за 11,3 проценти. Ова достигнување е остварено во конкуренција на 17 осигурителни друштва.

    На нашиот пазар Групацијата ја сочинуваат Триглав Осигурување, Триглав Осигурување Живот и Триглав Пензиско друштво. Првите две лани го зголемија вкупниот обем на деловното работење за 15 проценти и достигнаа 38 милиони евра, додека вкупната бруто полисирана премија изнесуваше 35,9 милиони евра. За споредба, во 2023 се работеше за износ од 31,3 милиони евра.

    Речиси десетпроцентен раст на премијата во доменот на неживотните осигурувања оствари лани Триглав Осигурување Скопје. Компанијата ја заокружи годината со пазарен удел од 12,4 проценти, задржувајќи го трендот од претходната 2023 година.

    Триглав Осигурување континуирано ја добива највисоката оцена за углед на македонскиот пазар на осигурување и претставува прв избор на клиентите кога станува збор за осигурувањето. Посветени сме на искористување на моќта на технологијата, за да им обезбедиме на нашите клиенти одлично корисничко искуство. Во 2024 година воведовме можност за онлајн пријава на осигурени случаи по доброволното приватно здравствено осигурување, што им користи и на клиентите, кои можат брзо и безбедно да поднесат барање за поврат на трошоци од далечина, и на нас, бидејќи решението значително ги оптимизира процесите на управување со побарувања и обезбедува транспарентност на процесот на пријава“, изјави главниот извршен директор на компанијата, Ѓорѓе Војновиќ.

    Триглав Осигурување Живот Скопје го зголеми својот удел на пазарот на животно осигурување на 20,5 проценти, со висок раст на премијата за осигурување, со индекс 131.

    „Горди сме што со нашето работење придонесуваме кон развојот на целиот осигурителен пазар. Веруваме дека преку иновации, стабилност, одговорност и посветеност на клиентите ја зајакнуваме нивнота доверба во осигурувањето. Минатата година воведовме дигитални услуги, коишто им овозможуваат на надворешните продажни канали, како што се банките, во реално време да издаваат понуди за животно осигурување на своите клиенти. Со директно поврзување на нивните деловни системи со нашиот, тие можат да пристапат до соодветни понуди без потреба од повторно внесување податоци преку нашиот продажен портал. Ова значително ја намалува можноста за грешки и го поедноставува процесот на издавање понуди, обезбедувајќи поголема точност и ефикасност“, посочи генералната дирекорка на компанијата, Христина Џамбазовска Анастасов.

    И Триглав Пензиско друштво оствари добри резултати, управувајќи со средства од речиси 209 милиони евра на крајот од 2024-та година. Има индекс 141 во однос на 2023 година.

    „Во текот на минатата година сите наши развојни активности беа насочени кон полесен дигитален пристап и подобро корисничко искуство. Успеавме да ги унапредиме и надградиме постојните дигитални решенија, како и да развиеме, тестираме и лансираме нова мобилна апликација за увид во пензиските сметки. И годинава остануваме посветени на нашите деловни цели, преку совесно, ефикасно и транспарентно работење, со кое овозможуваме подобри услови и поголема сигурност за нашите осигуреници и вработени“, наведе претседателот на Управниот одбор на Триглав Пензиско друштво, Тихомир Петрески.

    Деловната мрежа на Групацијата на македонскиот пазар опфаќа локации низ целата земја и има повеќе од 320 вработени, кои секојдневно ја користат својата експертиза за да обезбедат квалитетна услуга и одлично корисничко искуство за своите клиенти и соработници. Преку нив Групацијата обезбедува услуги во сите сегменти на имотно, здравствено, животно и пензиско осигурување, како и интегрирани решенија за своите клиенти.

    Што се однесува до целата Групација Триглав, Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав го потврди ревидираниот годишен извештај за 2024 година. Групацијата лани ги надмина плановите и оствари деловен резултат пред оданочување од 159 милиони евра, додека нето добивката изнесуваше 131,4 милиони евра. До 2030 година Групацијата постави стратешка амбиција да ја удвои добивката, значително да го зголеми обемот на деловното работење и обемот на средствата со коишто управува. Управата и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на овогодинешното собрание на акционери ќе предложат исплата на дивиденда во бруто износ од 2,80 евра по акција, односно вкупен износ од 63,7 милиони евра. Предложената дивиденда им гарантира на акционерите дивиденден принос од 6 проценти.

    Во текот на минатата година Групацијата Триглав оствари вкупен обем на деловно работење од 1,72 милијарди евра, што е над планираната вредност од околу 1,6 милијарди евра. Покрај добрите резултати, и во осигурителната дејност и во управувањето со средства, врз работењето позитивно влијаеја и поволните услови на финансиските пазари, релативно поволните штетни побарувања и еднократните настани, особено ефектите во сегментот Здравје. Комбинираниот количник на сегментите неживотно и здравствено осигурување изнесуваше поволни 93,6 проценти. Групацијата Триглав ја зацврсти својата водечка позиција на пазарот на осигурување како во Словенија, така и во регионот Адриа и има висока кредитна оцена „А“ со подобрени, позитивни среднорочни изгледи.

    „Во 2024-та година остваривме одлични резултати во сите сегменти на работењето и значително ги надминавме плановите, задржувајќи ја финансиската стабилност и капиталната постојаност. Со 2025-та година влегуваме во нов стратешки период до 2030 година, за кој што поставивме високи амбиции“, изјави претседателот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар. 

    Групацијата планира годинава да оствари деловен резултат пред оданочување во износ од 130 до 150 милиони евра (нето деловен резултат помеѓу 100 и 120 милиони евра). Стратешката амбиција на Групацијата е до 2030-та година да го удвои деловниот резултат пред оданочување, односно да достигне износ помеѓу 250 и 300 милиони евра. Групацијата планира понатамошно зајакнување на обемот на своето работење, при што ќе внимава на диверзификација и од географски и од продуктно-услужен аспект, како и на зајакнување на своето присуство на пазарите надвор од Словенија. Групацијата ја зголемува својата видливост како меѓународна осигурителна и финансиска групација, што претставува и нејзина визија. Планирано е вкупниот обем на работење во 2025 да надмине 1,8 милијарди евра, со амбиција до 2030 година да достигне износ од 2,5 до 3 милијарди евра. Групацијата има за цел да ги зајакне средствата под управување, при што се стреми кон тоа да го надминат прагот од 10 милијарди евра.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично