„Колкав е вкупниот долг на општинските комунални претпријатија? Официјално, никој не знае! Но факт е дека состојбата е алармантна. Некои јавни претпријатија функционираат подобро, но голем број затекнале празни сметки и огромни долгови. Според претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, локалните власти се борат со финансиски товар од минатото, но дали тоа е доволно оправдување? Како ќе се извлечат од оваа криза? Одговорите во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“.
„Немаме прецизна бројка, но факт е дека долгот на комуналните претпријатија е сериозен. Секаде е различно, не може да генерализираме дека секаде е иста состојбата или добра, или секаде состојбата е лоша. Имате јавни претпријатија коишто во државата полесно се справуваат со предизвиците, имате одредени јавни претпријатија коишто потешко се справуваат со предизвиците, односно има доста од претпријатијата каде што од објективни причини се наоѓаат во состојба во каква што се нашле, а тоа произлегува од долгови кои што ги наследиле во минатото. Вие имате во државата многу од јавните претпријатија кои што затекнале состојба со испразнети буџети, со празни сметки, а од друга страна со долгови енормни кои што се продуцирани од минатото… Вие споменавте дека не ги плаќаат сметките за струја, ги плаќаат сметките за струја, барем со оние кои што комуницирам мои колеги…“
Инаку, поткастот премиерно се емитува во четврток во 12.00 часот, а потоа може да се погледне на Јутјуб каналот на www.pari.com.mk или @parimedium. Секако, оваа содржина е бесплатна, но нас добро би ни дошло ако притиснете „subscribe“ и поченте да не следите.