ПОВЕЌЕ

    glo™дел од „HYPER PORTAL“ на Микела Пики и претставена уникатна glo™ колекција во соработка со SUNS

    Време зa читање: 5 минути

    glo™ дополнително ја зајакнa својата улога на покровител на уметноста со инсталацијата „HYPER PORTAL“, како дел од иницијативата „  glo™ во поддршка на уметноста“, поставена за време на Milano Design Week 2025. Ова извонредно искуство ги спои уметноста, технологијата и креативноста во навистина уникатно доживување за сите сетила.

    Уметничкото дело е лична интерпретација на италијанската артистка Микела Пики на овогодинешната тема „Поврзани светови“ – концепт кој совршено се усогласува со тековниот ангажман на  glo™ за поттикнување на споделени искуства. Инсталацијата е симфонија на светла, бои и облици и ги соединува посетителите со уметноста, поканувајќи ја публиката да стане активен учесник.

    За време на одржувањето на модната недела, инсталацијата „HYPER ПОРТАЛ“ беше отворена за јавноста во  glo™ Creative Hub, лоциран во Palazzo Moskova, во срцето на областа Брера – една од најпознатите и најпосетуваните локации на Fuorisalone.

    HYPER PORTAL: ИЗВОНРЕДНО ПАТУВАЊЕ НИЗ УМЕТНОСТА И ТЕХНОЛОГИЈАТА

    HYPER ПОРТАЛ на  glo™ е искуство за сите сетила што ги истражува границите помеѓу уметноста и технологијата. Создадена од Микела Пики, инсталацијата го истражува концептот на поврзана иднина – универзум што постојано се развива, каде што секоја гестикулација и движење го обликуваат и го трансформираат околниот простор. Порталот за влез, симбол на отвореност и поврзаност, го означува почетокот на едно извонредно патување во кое посетителите стануваат ко-креатори на уметничкото дело. Со нејзиниот надреалистички и поп-стил, Пики ја истражува флуидноста на меѓусебно поврзаните светови преку динамични форми и живописни бои што се развиваат во реално време, создавајќи пејзаж што постојано се менува. Секоја интеракција, секој допир, го трансформираат делото во жив ентитет обликуван од дејствата на публиката. Инсталацијата e инспирирана од особеноста на визуелниот јазик на дизајнот на  glo™ HYPER PRO, нагласувајќи го спојот на уметноста и технолошките иновации.

    HYPER ПОРТАЛ, исто така, поттикнува на размислување за односот помеѓу поединецот и колективот – „јас“ и „ние“. Ги охрабрува учесниците да размислат за нивната улога во создавањето значајни врски, каде секое движење и одлука, иако создадени од индивидуалност, обликуваат заедничко искуство. Ова ја отелотворува инклузивната и оптимистичката визија на  glo™.

    Со HYPER ПОРТАЛ и Микела Пики,  glo™ги спојува уметноста, дизајнот и технологијата за да создаде извонредно искуство што претставува многу повеќе од обична забава – правејќи ја уметноста подостапна и интерактивна, во согласност со нашата иницијатива „  glo™ во поддршка на уметноста“, вели Фабио де Петрис, претседател и извршен директор на БАТ Италија.

    „Експлозија на бои, слеани линии и надреално поп-искуство во комбинација со технологија и дизајн – HYPER ПОРТАЛ е извонредно патување каде што гледачот создава меѓусебно поврзани светови со секој допир и станува ко-протагонист на уметничкото дело преку споделување и позитивност, совршено усогласено со духот на  glo™ “, додава уметникот Микела Пики.

    Соработка помеѓу  glo™ И SUNS: ОГРАНИЧЕНО ИЗДАНИЕ НА СПОЈОТ ПОМЕЃУ МОДАТА И ТЕХНОЛОГИЈАТА

    Кога дизајнот ќе се спои со модата и технологијата беспрекорно ќе се интегрира, се раѓа нова визија за стил. За своето деби во светот на модата, glo ги здружи силите со SUNS, брендот што ја редефинираше спортско-шик дневната облека, за да ја претстават капсулната колекција за сезоната пролет-лето.

    SUNS е познат по редефинирањето на урбаната мода со комбинирање врвни материјали со софистицирани детали. Нивниот иновативен стил во комбинација со дизајнот на  glo™ го создадоа ограниченото издание на HYPER PRO уреди. Резултатот е ексклузивна колекција што го најавува летото, комбинирајќи ги модата, дизајнот и технологијата во уникатен, досега невиден израз на стил.

    „Оваа соработка совршено ја отелотворува заедничката визија на  glo™ и SUNS: иновација, самоизразување и препознатлив стил. Ги споивме нашата технолошка експертиза и креативноста на SUNS за да создадеме ограничено издание што претставува многу повеќе од едноставна естетика и да понудиме производ што ги одразува најновите трендови во современиот животен стил“, вели Паоло Мучифора, креативен директор на SUNS.

    „Оваа соработка со SUNS го одразува нашиот динамичен и напреден пристап. glo™ совршено се вклопува со брендот SUNS, кој го дели нашиот иновативен и оптимистички дух, отворајќи ја вратата за нови перспективи во модната индустрија“, заклучува Фабио де Петрис, претседател и извршен директор на БАТ Италија.

    Ексклузивната колекција содржи две верзии на уредот  glo™HYPER PRO: Sea Breeze, со неговите брановидни шари што претставуваат интерпретација на легендарниот концепт на Japan Waves, инспириран од реномирани меѓународни уметници и соработки со врвни модни брендови, како и Palm Vibes, инспириран од Мајами од 1980-тите и замислен преку модерен објектив. И двата дизајна потекнуваат од иновативните истражувања на SUNS за нивната претстојна линија за сезоната пролет-лето. Она што го прави  glo™HYPER PRO навистина единствен е паметниот LED дисплеј, прв од ваков вид во оваа категорија. Овој интуитивен екран го подобрува корисничкото искуство, што го прави уште поинтерактивен.

    18+ знак

    * Овој производ не е без ризик, ослободува никотин и предизвикува зависност. Наменет е само за полнолетни лица. 

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично