ПОВЕЌЕ

    Германците сакаат да работат помалку

    Време зa читање: 2 минути

    Многу вработени во Германија би сакале да работат помалку, според студијата на институтот IFO спроведена за независната фондација Бертелсман Фондација.

    Во моментов, 50 проценти од вработените мажи, и 41 процент од жените работат повеќе отколку што би сакале. Мажите работат во просек 41 час неделно и би сакале да работат 37 часа, додека жените работат во просек 32 часа неделно и повеќе би сакале 30 часа. Двете групи би прифатиле намалување на платата, се наведува во соопштението на Институтот доставено до Танјуг.

    Сепак, студијата открива и дека 17 проценти од вработените жени и девет проценти од мажите би сакале да работат повеќе.

    „На прашањето, на пример, дали мајките повеќе сакаат да го зголемуваат или намалуваат работното време, можностите за згрижување на децата имаат силно влијание“, вели Андреас Пејл, директор на IFO Центарот за макроекономија и истражување и коавтор на студијата.

    Тој додава дека многу жени, доколку имаат подобар баланс, би сакале да работат подолго.

    „Тоа би било рационално решение со оглед на недостатокот на квалификувани работници во Германија“, заклучи Пејл.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично