Со новата Galaxy S25 серија, Samsung поставува нови стандарди во продуктивноста, обезбедувајќи интелигентни функции, моќни перформанси и непречено корисничко искуство. Без разлика дали работите, учите, организирате задачи или едноставно сакате да го оптимизирате секојдневието, Galaxy S25, Galaxy S25+ и Galaxy S25 Ultra се дизајнирани да го подигнат вашето ниво на ефикасност.
Брзина што ги следи вашите идеи
Во срцето на овие уреди е најновиот процесор за Galaxy, кој носи значително подобрување во брзината и енергетската ефикасност.Благодарение на моќниот Qualcomm Snapdragon® 8 Elite чип, специјално дизајниран и оптимизиран за серијата Galaxy S25, сега можете да работите со повеќе апликации истовремено или непречено да преминувате меѓу различни задачи. Со новиот кориснички интерфејс One UI 7 ќе можете интуитивно и побрзо да управувате со вашите апликации и датотеки. Функциите со вештачка интелигенција Galaxy AI се „насочени кон вас“ автоматски да ги предвидуваат вашите потреби и ви нудат паметни предлози за оптимизација на работата. А благодарение на системот Personal Data Engine кој ги анализира вашите навики, ќе можете да добивате персонализирани препораки, без вашата приватност да биде загрозена.
Вашата продуктивност, сега уште побрза
Galaxy S25 серијата овозможува моќни AI-функции кои ќе ви помогнат да ги завршите задачите побрзо. Now Brief ги сумира информации од вашиот ден, календар, нотификации и важни настани, за да останете чекор напред. Со Galaxy AI се унапредени и алатките за продуктивност и креативност како Транскрипција на повик (Call Transcript) која ги организира вашите повици со автоматска транскрипција и резиме, Помош при пишување (Writing Assist) која ја резимира содржина и форматира белешки без потреба од префрлување помеѓу апликации, како и функцијата Помош за цртање (Drawing Assist) која овозможува комбинирање на скици, текст и визуелни насоки за оживување на идеите. А популарната функција Пребарување со заокружување (Circle to Search) сега е уште побрза и попаметна, автоматски препознавајќи броеви, е-пошта и URL-адреси на екранот, овозможувајќи ви веднаш да повикате, испратите порака или посетите веб-страница. И не го заборавајте, редовниот придружник на моделот Galaxy S25 Ultra, пенкалото S Pen со кое ќе можете да фаќате белешки, да уредувате документи и скицирате идеи на 6,8-инчниот Dynamic AMOLED 2X екран.
Сигурност и трајност што го следат вашето темпо
Со Armor Aluminum рамка, Corning® Gorilla® Glass Victus® 2 и IP68 заштита, Galaxy S25 моделите се дизајнирани да издржат во секојдневните предизвици. Безбедноста е исто така на највисоко ниво, благодарение на Samsung Knox Vault, кој ги штити вашите лични податоци и документи од несакан пристап. Без разлика дали сте во канцеларија, работите од дома или сте постојано во движење, новите Galaxy S25 модели ви овозможуваат поголема ефикасност, побрзо завршување на задачите и непречен мултитаскинг.
Зачекорете во иднината на продуктивноста и нарачајте го вашиот нов Galaxy S25, Galaxy S25+ или Galaxy S25 Ultra уште денес!
ПР Објава