ПОВЕЌЕ

    „Фершпед“: И кога приходите се намалуваат – добивката може да расте

    Време зa читање: 2 минути

    Зголемена добивка, наспроти забележаните намалувања кај приходите е резултатот на „Групата „Фершпед“ АД Скопје по одработените три годинешни тримесечја. Со опаѓачкиот тренд се опфатени и трошоците. Затоа, пак, финансиските приливи се во пораст, а финаниските расходи се сведени речиси на минимум.

    Оперативната добивка на компанијата е во износ од 146.918 илјада денари или 2,38 милиони евра. За споредба, лани во истиот период, во билансот на успех биле нотирани 1,6 милиони евра.

    За девет месеци се остварени вкупни консолидирани приходи од 3.605.182 илјади денари/58,6 милиони евра. Намалувањето во однос на минатогодишното споредбено ниво е за 2,1 отсто.

    Двопроцентен пад има кај оперативни приходи, каде што е забележан износ од 3.597.570 илјади денари, односно 58,4 милиони евра.

    Единствено по нагорна линија се движат финансиските приходи – од ланските 69 на 123,6 илјади евра.

    Паралелно со приходите се намалувале и расходите.

    Вкупните консолидиран износ на таа страна е 3.451.218 илјади денари, што е противвредност на 56 милиони евра. Во однос на минатогодишните девет месеци, бележат пад од 3,6 отсто.

    Оперативните расходи се намалени за четири проценти и изнесуваат 3.450.652 илјади денари или 56 милиони евра.

    И финансиските расходи бележат намалување – 9,2 илјади евра, за разлика од минатогодишните 35,2 илјади евра.

    Друштвото за меѓународна и внатрешна шпедиција со јавни и царински складишта постои повеќе од половина века, а од 1995 е во приватна сопственост. Своевремено важеше за најголемата македонска шпедиција. На домашен терен во тој домен покриваше повеќе од 30 отсто, а во толкав процент, на годишно ниво, беа и стоките опфатени во рамки на економската размена.

    Инаку, освен шпедицијата, дејности на „Фершпед“ се и меѓународна трговија, брокерство, банкарство, хотелиерство, винарство, игрите на среќа…

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично