ПОВЕЌЕ

    Фејсбук и Инстаграм ставени на руската листа на терористички организации

    Време зa читање: 1 минутa

    Руската агенција за финансиски мониторинг, Росфинмониторинг, го додаде американскиот технолошки гигант Meta Platforms Inc, матичната компанија на Instagram и Facebook, на својата листа на „терористи и екстремисти“, објави новинската агенција Интерфакс. Русија кон крајот на март ги забрани Фејсбук и Инстаграм поради „вршење екстремистички активности“ откако властите го обвинија Мета дека толерира „русофобија“ за време на руската воена кампања во Украина.

    Мета на 10 март објави дека платформите ќе дозволуваат изјави како „смрт за руските напаѓачи“, но не и веродостојни закани против цивилите. Потоа рече дека промената се однесува само на корисниците кои објавуваат од внатрешноста на Украина.

    Фејсбук и Инстаграм се недостапни во Русија од март, но многу Руси прибегнаа да користат VPN за да продолжат да ги користат социјалните мрежи. Инстаграм е особено популарен во Русија и е важна платформа за рекламирање и продажба.

    Одлуката во вторник ја става Мета на истата листа со десничарските националистички групи, странски терористички организации, вклучувајќи ги и талибанците и руските опозициски групи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично