ПОВЕЌЕ

    Денес ФЕД „инјектираше“ 105 милијарди долари во банкарскиот систем

    Време зa читање: < 1 минутa

    Денес, Централната банка на САД (ФЕД) „инјектираа“ 105 милијарди долари во домашниот банкарски систем.

    ФЕД се одлучи на овој чекор за да ги задоволат потребите на банките и Wall Street за финансиите по минатонеделните турбуленции на пазарот на пари.

    Њујоршката филијала на ФЕД одвои 30 милијарди долари на примарните дилери во рамките на двонеделната репо трансакција и 75 милијарди долари во рамките на прекуноќната репо трансакција, објави Reuters.

    Побарувачката на банките за средствата на ФЕД е исклучително силна, со оглед дека се доставени понуди за средства во износ од 62 милијарди долари во рамките на првата трансакција, и во износ од 80,2 милијарди долари во рамките на втората трансакција.

    Извор: Bankar.rs

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично