ПОВЕЌЕ

    Силниот бојкот на Фејсбук, станува уште посилен

    Време зa читање: 2 минути

    Пред неколку дена, Кока Кола изјави дека ќе го паузира рекламирањето на Фејсбук. Огромни компании како Левис, Procter and Gamble, и North Face го следеа тој пример. Но, снежната топка, станува се поголема бидејки канадските компании се приклучија кон се поголемиот список на светски познати брендови кои решија да не се рекламираат на „Фејсбук“ во јули, поради одбивањето на компанијата да преземе мерки против ширење содржини со омраза на својата платформа.

    Лулулемон“, „МЕЦ“ и „Арктерикс“ ќе ги повлечат своите платени реклами од „Фејсбук“ и ќе се приклучат на бојкотот, кој веќе го поддржаа „Кока-Кола“, „Мајкрософт“, „Форд Моторс“ и многу други.

    Различни групи за граѓански права, вклучително и Лигата против клевета и Националното здружение за унапредување на животите на „обоените“ луѓе, велат дека „Фејсбук“ не направил доволно за да спречи расистички, лажни и опасни содржин на својата платформа.

    Како што пренесуваат странските агенции, бојкотот на овие компании е значаен, бидејќи приходите на „Фејсбук“ од реклами минатата година изнесуваа речиси 69,66 милијарди американски долари.

    Неодамнешниот пад на акциите избриша 56 милијарди американски долари од пазарната вредност на Фејсбук и 7,2 милијарди долари нето вредност на основачот Марк Цукерберг. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично