ПОВЕЌЕ

    Кока-кола го паузира рекламирање на сите социјални медиуми на глобално ниво

    Време зa читање: 4 минути

    Кока-кола во петокот објави дека ќе го паузира платеното рекламирање на сите платформи на социјалните медиуми на глобално ниво, најмалку 30 дена. Компанијата појасни дека не се приклучува на официјалниот бојкот, но рече дека „паузираме“ од рекламирање.

    „Нема место за расизам во светот и нема место за расизам на социјалните медиуми“, рече извршниот директор на Кока-Кола и претседател, Џејмс Квинси, во изјавата. „Ќе одвоиме време да ги преиспитаме нашите рекламни политики за да утврдиме дали се потребни ревизии. Очекуваме и поголема одговорност и транспарентност од нашите партнери на социјалните мрежи.”

    Најавата за Кока-Кола доаѓа откако „ Унилевер“, чии брендови ги вклучуваат Дове, Бен и Хелман, соопштија во петокот дека ќе престане со рекламирање на Фејсбук, Инстаграм и Твитер барем до 31 декември.

    Унилевер им се придружи на брендовите како Еди Бауер, North Face и Патагонија како дел од кампањата, со цел да ја принуди мрежата на социјалните медиуми построго да ги контролира рекламите против говор на омраза и дезинформацијата преку преземање на повеќе активности. Друга алтернатива би било да им дозволат на огласувачите да видат колку често нивните реклами се појавиле близу до содржината што подоцна била отстранета заради дезинформација или омраза и да им дозволи враќање на наплатата за тие реклами. 

    По објавувањето на Кока-Кола, Левис и Докерс рекоа дека исто така ќе паузираат со сите реклами на Фејсбук и Инстаграм „барем“ до јули. Рекоа дека, „Фејсбук мора да преземе активности за да престане со дезинформацијата и говорот на омраза на своите платформи. Тоа е неприфатлива навреда за нашите вредности. Ние и Докерс се придружуваме во кампањата и ги паузираме сите реклами на Фејсбук.”

    Херши, исто така, објави дека ќе ги намали трошоците на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ за третина до крајот на годината и ќе му се приклучи на бојкотот.

    „Не веруваме дека Фејсбук ефикасно управува со објавите на нивната платформа. И покрај повторените тврдења на Фејсбук да преземе акција, не видовме значајна промена“, се вели во соопштението на компанијата. „Претходно овој месец, искомунициравме на Фејсбук дека не бевме задоволни од нивниот став за говорот на омраза. Сега ги намаливме трошоците за Фејсбук и нивните платформи, вклучително и Инстаграм, за третина од остатокот од годината. Се надеваме дека Фејсбук ќе преземе акција и ќе направи побезбеден простор за нашите потрошувачи да комуницираат. Како компанија, ние се залагаме за вредностите на заедништво и решени сме во нашата обврска да направиме разлика и да бидеме дел од позитивните промени.“

    Procter & Gamble, уште една голема компанија која се рекламира на Фејсбук, изјави дека претходно оваа недела ги разгледува сите медиумски канали, мрежи, платформи и програми на кои се рекламира „за да се обезбеди содржина која ќе биде со почит за сите луѓе.”

    „Како дел од тоа, ние работиме со медиумски компании и платформи за да преземеме соодветно системско дејствување каде што е потребно“, рече главниот директор на P&G, Марк Причард. 

    Извршниот директор на Фејсбук, Марк Зукерберг изјави дека има намера да разговара за „новите политики за поврзување на луѓето со авторитативни информации за гласање, спречување на задушувањето на гласачите и борба против говорот на омраза“. Но тој не се обраќаше директно до бојкотите на рекламата. 

    Т.Д

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично