ПОВЕЌЕ

    Зошто генерално имаме „одбивност” од евтини работи?

    Време зa читање: 2 минути

    Сите ние мислиме дека немаме одбивност од евтини работи но често пати се однесуваме како да имаме. 

    Доколку ги анализираме производите кои ги сакаме најмногу, ќе увидиме дека се во пресекот на љубов и економија. Кога мора да платиме многу за некој производ, го цениме со цело срце. Но како што цената на пазарот му паѓа, нашата страст се движи во иста пропорционална линија. Надоле. 

    Причината за ова е, може да се каже, еволуциска. Во минатото, пред индустриската револуција, навистина имало силна корелација помеѓе цената и вредноста. Не постоело можност еден производ да има ниска цена а висок квалитет. Се морало да се изработи рачно од страна на експерти и уметници кои посветиле години во негување на нивната умешност, со суровини кои биле тешки за транспорт. 

    Но со доаѓањето на индустриската револуција, се појавило нов начин на организирање на трудот и постоло начин за прв пат да се искористи производство со економии од обем. За прв пат, можело да се произведе огромна палета на производи во огромни бројки. Кога просечниот потрошувач ќе биде изложен на неверојатно голема селекција, нема да биде воодушевен. Но кога ќе види скап кавијар произведен во ограничена колични, и разбирливо со висока цена, потрошувачот ќе биде наклонет да го купи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично