ПОВЕЌЕ

    Кој плати 200 000 евра за акции во „Фершпед“?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Познатата фабрика за чоколади, вафли и бонбони „Европа“ Скопје купи нови 200 обични акции од шпедитерската компанија „Фершпед“ и со тоа го зголеми својот удел на 9,66 отсто.

    Фабриката за чоколади сега поседува вкупно 1.749 обични акции или 9,66 % од основната главнина на друштвото.

    Европа плати скоро 200 000  евра, или 61.000 денари по акција за што плати 12.200.000 денари.

    „Фершпед“ преку Македонска берза информира дека Европа се стекна со 200 нови акции.

    Покрај „Европа “ која сега поседува 9,66 отсто од акциите во сопствениката структура на „Фершпед“  се браќата Накови (синовите на Штерјо Наков) од кои Сашо има 11,05 отсто, а Драган 11,83 отсто, „Макошпед“ кој поседува  19,65 отсто од акциите. Овие 4 акционери заедно контролираат 51 отсто од акциите на „Фершпед“.

    Драган Наков инаку е најголем поединечен акционер „Европа“ и поседува над 22 отсто од акциите, а неговиот брат Сашо Наков е член на Управниот одбор.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично