Во периодот 01.01-30.09.2019 година АД Европа Скопје оствари вкупни бруто приходи на износ од 530.865.812 денари и се намалени за 6,8% во однос на бруто приходите од 2018 година за истиот период.
Вкупните оперативни приходи за 01.01-30.09.2019 година се намалени за 6% во однос на истите во 2018 година. Останатите приходи се намалени за 51%, а финансиските приходи се намалени за 63 % во однос на 2018 година.
Вкупните расходите се зголемени за 6,4% во однос на минатата година. Оперативните расходи во периодот 01.01-30.09.2019 година се зголемени за 6,5%, а финансиските расходи пак се намалени за 18,8% во однос на 2018 година
АД Европа-Скопје за периодот 01.01-30.09.2019 година оствари добивка во износ од 35.154.801 денари и е помала во однос на претходната година за 63,7%.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.