ПОВЕЌЕ

    Европската унија со ултиматум до производителите на автомобили

    Време зa читање: 2 минути

    Европа ќе воведе глобален раст во продажбата на електрични автомобили следната година, бидејќи владите во регионот им нудат на потрошувачите сè подобри стимулации за набавка на нови возила.

    На пазар кој е веќе втор по големина во светот, далеку зад Кина, но пред Северна Америка, Европската унија во средата воведе голем план за да ги преќине емисиите на јаглерод до средината на овој век. Производителите на автомобили веќе се соочуваат со избор на производство на возила без емисии или плаќање на силни казни од ЕУ за загадувачките модели.

    „Подобро е да се субвенционираат електрични автомобили отколку да се платат високи казни за продажба на мотори кој имаат емисија на јаглерод“, рече аналитичарот на NordLB, Френк Швопе.

    Во Европа, продажбата на чисти електрични и хибридни патнички автомобили се очекува да порасне за 35% во првите девет месеци од 2020 година, што претставува стапка далеку поголема од Кина и Северна Америка, според Блумберг. 

    Притисокот за продажба е голем затоа што компаниите како Volkswagen AG трошат рекордни суми за да испорачаат нови модели. Во Европа, електричните автомобили сепак претставуваат релативно мал дел од пазарот, иако уделот се приближува со оној на Кина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично