ПОВЕЌЕ

    Euromoney ја избра најдобрата банка во Македонија за 2021

    Време зa читање: 2 минути

    “Комерцијална банка со огромно задоволство објавува дека е добитник на уште една престижна награда – „Најдобра банка во Северна Македонија“ во 2021 година, која ја доделува магазинот Еuromoney. Оваа награда е признание за извонредност на Банката, која со стабилност, одговорност и импресивни резултати се носи со Covid-19 кризата и излегува во пресрет на потребите на клиентите”, се вели во соопштението од банката.

    Врз основа на повеќе критериуми и остварените резултати по тој основ, врвни новинари и дописници на Еuromoney ја издвоија Комерцијална банка пред конкуренцијата и ја прогласија за најдобра во земјава. Kритериумите за доделување на наградите вклучуваат профитабилност, видлив раст, иновативност, нови услуги, остварување на релативно подобри перформанси во однос на конкурентите и можност за прилагодување кон променливите услови на пазарот и потребите на клиентите.

    Наградите за извонредност се доделуваат од 1992 година и се сметаат за престижна програма за награди во глобалната банкарска индустрија. Почетоците на магазинот Euromoney датираат од 1969 година и се поврзани со потребата од покривање на повторното појавување на меѓународните прекугранични пазари на капитал, кои се претходница на денешните глобални пазари на капитал. Овој магазин е меѓу најпрестижните списанија во финансискиот свет.

    Во 2020 година, Комерцијална банка беше прогласена и за „Банка на годината“ од страна на магазинот The Banker. Со последното признание уште повеќе се потврдуваат силните перформанси и цврстината на капиталот на Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично