ПОВЕЌЕ

    ЕУ позајми 20 милијарди евра наменети за закрепнување на економијата

    Време зa читање: 2 минути

    Европската комисија во вторникот издаде обврзници во вредност од 20 милијарди евра, тоа е првата финансиска позајмица наменета за закрепнување на економијата која беше погодена од пандемијата на корона вирусот во рамки на следната генерација на ЕУ.

    „Денес успешно ја спроведовме првата активност за издавање на обврзници. Како силна унија, позајмуваме од пазарот и инвестираме во заедничко закрепнување од кризата “, рече претседателката на Комисијата, Урсула Фон Дер Лајен.

    Обврзниците беа издадени за период од десет години и тоа досега е најголемата трансакција и најголемата сума која Европската унија ја има позајмено за една трансакција.

    Комисијата додава дека обврзниците наишле на голем интерес од инвеститорите во Европа и светот, благодарение на тоа што дава многу поволни услуги за позајмување. ЕК планира да позајми повеќе од 800 милијарди евра за следната генерација на ЕУ.

    Механизмот за закрепнување и издржливост е клучен дел од планот за економско закрепнување од короната  во рамки на ЕУ. Има на располагање 672,5 милијарди евра за поддршка на инвестициите и реформите во земјите-членки. Од таа сума, 312,5 милијарди евра се грантови, 360 милијарди заеми.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично