Binance Research, аналитичката единица на компанијата Binance, го објави извештајот Tariff Escalation and Crypto Markets: Impact Analysis, кој го истражува влијанието на растечката глобална протекционистичка политика, со фокус на новите американски царини од 10% до 54% за увоз од Кина врз макроекономските услови и пазарот на криптовалути.
Овие мерки претставуваат најагресивно зголемување на царините од 1930 година до денес и најавуваат можна нова фаза на трговски војни. Извештајот предупредува дека ваквите економски услови би можеле да предизвикаат раст на инфлацијата, забавување на економскиот раст и дополнителен притисок врз Централните банки, како што е Federal Reserve – САД. Се посочува и ризик од стагфлација — ситуација каде што инфлацијата расте, а економијата стагнира, што претставува предизвик за монетарната политика.
Во ваква нестабилна средина, пазарите на криптовалути покажаа зголемена нестабилност, со пад на вкупната пазарна капитализација од 25,9%. Особено погодени беа сектори како AI токени, Memecoins (криптовалути инспирирани од интернет мемиња, кои често имаат шпекулативна вредност) и Layer 2 решенија (технички решенија за зголемување на брзината и ефикасноста на постоечки блокчејн мрежи).
Истовремено, извештајот забележува промена во корелацијата на биткоин со традиционалните финансиски средства како акциите и златото, што укажува на потенцијална трансформација на неговата улога во глобалниот финансиски систем.
И покрај краткорочниот пад, Binance Research укажува дека дигиталните средства би можеле да ја зацврстат својата позиција како несуверени складишта на вредност во време на глобална нестабилност.
Главниот извршен директор на Binance, Ричард Тенг, нагласи дека иако криптовалутите се однесуваат како ризични средства во периоди на неизвесност, токму ваквите макроекономски услови би можеле да ја засилат нивната привлечност со текот на времето.
„Трговските тензии внесуваат нестабилност, но во исто време го потенцираат значењето на децентрализираните средства во неизвесни времиња“, истакна Тенг. „Краткорочно, ваквите макро шокови често предизвикуваат ‘risk-off’ реакција кај инвеститорите, кои се повлекуваат додека ги следат случувањата поврзани со економскиот раст, монетарната политика и глобалната трговија. Но, на долг рок, ваквото окружување може да го засили интересот за крипто како несуверена форма на складирање вредност. Многу долгорочни инвеститори и понатаму го гледаат биткоин и другите дигитални средства како отпорни алтернативи во периоди на економска нестабилност и променливи политички насоки.“
Целиот извештај е достапен на: Binance Research – Tariff Escalation and Crypto Markets