ПОВЕЌЕ

    Еве што рече Илон Маск кога дозна дека станал најбогат човек на планетата

    Време зa читање: 2 минути

    Откако акциите на Тесла скокнаа на 880 долари, Илон Маск сега „вреди“ 195 милијарди. Тоа се 10 милијарди повеќе од Џеф Безос.

    Имено, акциите на неговата компанија скокнаа над 20% за само една недела, што го зголеми личното богатство на Маск на 195 милијарди долари, 10 милијарди повеќе од претходниот лидер на листата на богати, Џеф Безос, според индексот на милијардери на Блумберг на 8 јануари.

    Кога сопствениците на акциите на Тесла од Силиконската долина ја објавија веста на Твитер, одговорот на Маск се состоеше од само шест зборови: „Чудно е“ и „Па, вратете се на работа“. Ова би можело да се протолкува како „кревање раменици“ по веста дека тој стана најбогатиот човек на светот, но тоа всушност е совршен одговор и корисна лекција по емоционална интелигенција за секој лидер, пишува Inc.com.

    Се разбира, Маск знае колку брзо оваа вест може да се смени, како и сите новости во врска со цените на акциите на светските берзи. Акциите на Тесла беа затворени со 880 долари за една акција, но пред помалку од две години вредеа околу 38 долари.

    Што се однесува до Маск, тој е ново лице меѓу супербогатите. Тој има стекнато 150 милијарди, повеќе од три четвртини од своето богатство, во изминатата година.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично