Време зa читање: < 1 минутa
Од 9-ти до11-ти мај на падините на Водно ќе се одржи настан – екстремна велосипедска трка во спуст Skopje Downhill Cup 2025.
Трка која ќе се одржи во рамки на лига натпреварите при македонската Велосипедска федерација, во организација на велосипедскиот клуб Оксижен.
Настанот ќе се одржи од 9ти до 11ти мај 2025та на падините на Водно, Скопје со следниот распоред:
9-ти Мај – Инспекција и проверка на стазата без велосипеди
10-ти Мај – 09ч-18ч доделување бројки и официјален тренинг
11-ти Мај – 08ч-12.30ч квалификации, 13ч-16ч трка
Старт: Врв на Водно
Цел:Средно Водно
На трката ќе учествуваат набрзите и најхрабрите македонски велосипедисти како и останати натпреварувачи од регионот, во следниве категории:
Кадети (12 до 16) – Јуниор (17 и 18) – Елит (19+) – Мастер (30+) – Жени (12+)/
Медали и пехари ќе бидат доделени за првите пет најдобри времиња во секоја категорија поединечно.
Севкупно најбрзите пет натпреварувачи добиваат парична награда (€400, €200, €100, €70, €50).