ПОВЕЌЕ

    ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО ЏОЗЕФ ВАРАДИ, ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ВИЗ ЕР: Македонија се докажа како многу силен пазар за Виз Eр, летово очекуваме раст од 15%

    Време зa читање: 9 минути

    „Македонија се докажа како многу силен пазар за Виз Eр. Ние сме најголемата авиокомпанија во земјава, пазарното учество на Виз Eр овде е 55%. Македонија ја гледаме како стратешки пазар и ќе продолжиме со инвестиции во иднина. Добрата вест е дека до летото ние целосно ќе закрепнеме во Скопје всушност ќе оперираме со околу 15 проценти поголем капацитет споредено со 2019. Планираме да отвориме нови рути и да ја прошириме нашата мрежа. Денес оперираме на 31 дестинација од Скопје”, вели Џозеф Варади, ко-основач и главен извршен директор на Виз Eр во ексклузивно интервју за порталот „Пари” направено при неговата посета на земјава пред празниците.

    Извршниот директор на авиокомпанијата зборува и за ковид кризата и ефектите врз Виз Ер, дали зголемувањето на цената на нафтата ќе ги поскапи авиобилетите, како и за плановите на компанијата во иднина.

    Пари:  Во посета сте на Македонија, која е целта на вашата посета?

    Варади: Знаете, за време на ковид периодот беше тешко да се посетат нашите луѓе, нашите бизнис партнери. Сега, кога ја поминавме оваа фаза условите се многу послободни за патување, поради тоа правиме една тура низ нашите земји, низ нашите бази, да се сретнеме со нашите луѓе, со нашиот екипаж и пилоти и со нашите бизнис партнери, како аеродромите. Исто така, да зборуваме со медиумите, да потврдиме дека ние остануваме релевантни на пазарот и продолжуваме да остваруваме соработка со нашите луѓе, затоа што (Македонија) е многу важна земја за компанијата, затоа сум овде во Скопје денес.

    Пари: Кој е вашиот прв заклучок од ситуацијата што ја видовте овде?

    Варади: Скопје е голема оперативна база на нашата авиокомпанија, имаме веќе историја овде, имаме одличен тим, многу посветени паметни луѓе и тие се насочени кон успехот на компанијата овде во Македонија и сме многу задоволни од развојот. Како што може да забележите Виз ер е најголема авиокомпанија во земјава и ке продолжиме да го развиваме нашиот бизнис овде и тоа ќе остане така движејќи се напред. Ја гледаме Македонија како стратешки пазар и ќе продолжиме со инвестиции во иднина.

    Пари: Авиосообраќајот беше еден од најпогодените сектори во корона кризата се затворија границите, летовите се откажаа. Како ја пребродивте кризата и колку се одрази на компанијата?

    Варади: Мислам дека како и секоја криза, исто така е и прилика. Ние гледаме и на двете страни од ситуацијата. Не бевме имуни и не погоди кризата и моравме да се справуваме со проблемот бевме во добра позиција во однос на ликвидноста и кеш. Располагавме со 1,6 милијарди евра во кеш кога се случи Ковид 19 и тоа ни помогна да го поминеме овој период и да бидеме многу отпорни. Во овој момент има само четири авиолинии кои инвестираат и ние сме едни од нив што ја покажува нашата финансиска сила и довербата во пазарот и нашите проспекти на пазарот да одиме напред. Во исто време, исто гледаме можност на Ковид 19 што може да и донесе на компанијата. Видовте дека цела индустрија ја врати назад и ние го искористивме тоа и инвестиравме напорно за време на овие две години за да се осигураме дека кога ќе излеземе од Ковид 19 ке бидеме подобра компанија, подобро структурирана и поконкурентна. Ние инвестиравме во пазари, инвестиравме во авиони, преземавме 45 нови испораки во изминатите две години, отворивме низа нови пазари како Италија, Албанија, инвестиравме во слотови во Лондон, отворивме нова авиолинија за Абу Даби, Wizz Air AbuDabi, бевме среќни да инвестираме во организацијата, имаме значително зголемување во однос на 2019, 2020 година. Сега овие инвестиции даваат резултат, има силно закрепнување на пазарот патниците се враќаат во летовите, имаме млада флота што оперира, што ни дава структура и конкурентна предност.

    Пари: Со колку летови во моментов оперира Виз ер од Македонија, кон колку градови и држави и дали сте во план да обновите уште некои од постарите линии, со оглед на подобрената епидемиолошка состојба?

    Варади: Добрата вест е дека до летото ние целосно ќе закрепнеме во Скопје всушност ќе оперираме со околу 15 проценти поголем капацитет во следните 12 месеци споредено со 2019. Апсолутно сме фокусирани на враќање на нормалата на пазарот и исто така да пораснеме на пазарот.Скопје ќе има бенефиции од сето тоа оваа година што е пред нас веќе планираме да отвориме нови рути и да ја прошириме нашата мрежа на нови земји. Денес оперираме на 31 дестинација од Скопје и секако гледаме кон проширување на мрежата во иднината.

    Пари: Moже да ми откриете кои ќе бидат новите конекции?

    Варади: Ние не шпекулираме, кога ќе бидеме подготвени да објавиме на пазарот ќе го направиме тоа, но може да бидете сигурни ова е постојан процес. Ние летаме кон 55 земји оперирајќи во над 150 аеродроми значи имаме голема мрежа и во континуитет бараме начини да поврземе нови точки, креираме повеќе конекциски можности за македонскиот пазар. Навистина не би сакал да шпекулирам како што реков тоа е процес во тек, континуирано ќе отвораме нови рути.

    Пари:  Ако ја прескокнеме корона кризата како сте задоволни од инвестицијата во Македонија, дали ги постигна или можеби надмина вашите очекувања?

    Варади: Мислам дека Македониј се докажа како многу силен пазар за Виз Eр. Ние сме најголемата авиокомпанија во земјава, пазарното учество на Виз Eр овде е 55% очигледно е дека во Македонија сме успешни. Донесовме продукт и услови за пазарот за патниците кои беа потребни и луѓето го ценат тоа и успеавме да го стимулираме сообраќајот во основа, стратегијата ни е да растеме, нови авиони, нови рути и силно зголемување на капцитетите во земјата.

    Пари: Oд кога сте присутни на македонскиот пазар колку патници од Македонија имате превезено со линиите на Виз ер и кои линии се покажаа како најпрофитабилни?

    Варади: Не ја коментираме профитабилноста, оваа година очекуваме околу 800 000 патници што е значајна бројка. Ова е околу 15 проценти повеќе од бројката што ја имавме во 2019-та година.

    Пари: На кои летови имате најмногу патници?

    Варади: Сите летови се полни оперираме со многу ниски трошоци, околу 19% пониски трошоци поради тоа сите летови се многу популарни и барани од патниците во Македонија.

    Пари: Во моментов се соочувате уште со еден голем предизвик, а тоа е поскапувањето на нафтата што секако се одразува и на вашите трошоци. Иако евтините летови се основата на нискобуџетните компании, дали сепак со здравствената криза и со инфлацијата сега, направивте корекција кај цената на билетите или пак планирате да направите?

    Варади: Мислам дека луѓето сакаат да се одржи, има многу инфлација и притисок кои влијаат врз индустријата, но истовремено тука е нашата структура која е многу ефикасна и новата технологија на летање која ни заштедува значајни трошоци и ние се трудиме тие заштеди да ги пренесеме кај потрошувачите. Мислам, дека со сите тие заштеди ќе можеме да се повратиме и да продолжиме со бизнисот. Гледаме да ги зачуваме цените и секако ќе бидеме многу поконкурентни во однос на другите авиолинии кои оперираат по многу повисока цена од порано.

    Не гледаме да ја смениме цената ние се трудиме да ја задржиме цената.

    Пари: Како сте задоволни од бизнис условите во Македонија?

    Варади: Мислам дека се добри, компанијата помина долгорочна стратегиска релација со Владата и имаме силни бизнис релации со операторот на аеродромот во Скопје и мислам дека условите се доста солидни. Среќни сме со тоа бизнис опкружување и мислам дека е создавање на добра основа не само за останување туку и за понатамошен развој во иднина.

    Пари: Имаше доста коментари за финанисиката помош што ја добивте кога почнавте да летате од Македонија властите ги субвенционираа летовите, дали сега добивате некаква финансиска помош?

    Варади: Мислам дека треба да ја разберете Владата овде, авијацијата е важна за било која земја, се креира инфраструктура за луѓето да патуваат тоа е во интерес на јавноста. Мислам дека за секоја Влада е важно да го поттикне процесот да обезбеди земјата да стане атрактивна за инвеститорите од авиокомпаниите кои се подготвуваат да инвестираат, мора да ја имате таа инвестиција и мислам дека тоа се случи на Македонија во рана фаза. Тој тип на поддршка во голема мера веќе не постои и мислам дека зголемувањето низ годините, оперирањето е врз основа на комерцијалното учество на пазарот, но мислам дека иницијалната инвестиција беше потребна.

    Пари: А дали сега примате финансиска поддршка?

    Варади: Понекогаш може има финансиска поддршка која е достапна, но таа е отворена за сите. Во основа тоа е отворено наддавање и нормално ние размислуваме да учествуваме доколку се објави некоја субвенција. Но, најмногу оперираме без било каква поддршка.

    Пари: Кои се плановите на компанијата за 2022 глоболно и за македонскиот пазар?

    Варади: Мислам дека имаме добра година пред нас. Очекуваме да оперираме со 140 проценти капацитет споредено со 2019 година летото, што е значаен отскок не само за закрепнување на бизнисот, но исто и за растот на бизнисот. Она што е важно што ќе оперираме за 40% повеќе ова лето во однос на 2019 година. Индустријата очекуваме да закрепне 90 проценти во однос на 2019-та, реков дека дел од растот ќе се случи овде во Македонија. Очигледно е дека е интересен пазар, бидејќи тој 40 проценти раст се случува на нови пазари кои што неодамна ги отворивме како Италија, Албанија, и Абу Даби што ја покажува и моќта на македонскиот пазар.

    Пари: Кој е вашиот најголем предизвик во однос на работата на Виз ер, каде ја гледате компанијата во иднина?

    Варадин: Мислам дека имаме многу јасна слика што сакаме да видиме каде да биде Виз ер, гледаме 500 авиони до крајот на векот наместо 150 сега, тројно да го зголемиме бизнисот во поглед на бројот на флота, на број на патници, кај вработените во следните осум до девет години.

    Пари: Имате ли нешто да им порачате на македонските патници?

    Варадин: Мислам дека Виз Eр е многу посветен на македонскиот пазар, продуктот и понудата што ги донесовме на пазарот имаат многу смисла за македонските патници, луѓето летаат со нови авиони, многу евтино, многу сигурно и мислам дека македонскиот народ ја искористи оваа можност на пазарот.

    новинар:

    Сања Момировска

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично