ПОВЕЌЕ

    ЕК формира Управувачки комитет за СЕПА – Македонија подготвена очекува брзо одобрување на барањето за членство

    Време зa читање: 3 минути

    Управувачки комитет како форум за размена и координација на активностите со шест земји од Западен Балкан и Молдавија во процесот на имплементација на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), формираше Европската комијија за шестте земји од Западен Балкан и Молдавија. Конкретно, Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување при ЕК, а неговиот генерален директор Герт Јан Копман, ќе го предводи Управувачкиот комитет.

    Во работата на Комитетот учествуваат и Џон Бериган, генералниот директор на Директоратот за Финансиска стабилност, финансиски услуги и унија на капитални пазари,  гувернерите на централните банки од регионот, претставници на  релевантни институции од Европската Унија (ЕК, Европската централна банка, Европскиот совет за плаќања), како и Светската банка, кои имаат важна улога во процесот на интеграција и имплементација на СЕПА во регионот.

    Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на состанокот на Комитетот истакна дека со оглед на направените регулаторни измени и високиот степен на усогласеност на нашата регулатива со европската во областа на банкарството, платежните услуги и спречувањето на перење на пари, очекува дека нашето барање за членство ќе биде наскоро одобрено од Европскиот совет за плаќања. Притоа, истакна дека за да граѓаните ги почуствуваат придобивките од СЕПА, клучно ќе биде банките оперативно да се подготват и да се приклучат кон европскиот платежен систем, по одобрувањето на нашата апликација. Народната банка ќе обезбеди целосна регулаторна поддршка на банките во овој процес.

    Членството во СЕПА е еден од приоритетите дефинирани во Планот за раст на земјите од Западен Балкан на ЕК, бидејќи се очекува да овозможи пристап на банките од тој простор до европските платежни системи. Придобивките од тоа се олеснети прекугранични плаќања – ќе бидат побрзи, поедноставни и поевтини. Или со намалувањето на  трошоците на домашните банки, ќе се намалат и провизиите што им се наплатуваат на компаниите и граѓаните. Притоа, трансферот на средствата ќе се извршува идентично како и во земјите од Европската унија.

    Од Народната банка често потенцираат дека освен пониските трошоци, со пристапот кон СЕПА ќе се овозможи конкурентност меѓу банките кога се работи за платежните услуги. Исто така, македонските ќе имаат директен пристап до странските банки во рамките на платните системи што ги обезбедуваат тие услуги во СЕПА.

    СЕПА опфаќа 36 земји: 27 држави од ЕУ, четирите од Европската асоцијација за слободна трговија – Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, Обединетото Кралство, Андора, Монако, Сан Марино и Ватикан.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично