ПОВЕЌЕ

    ЕЦБ: Еурибор останува „рекордно низок“

    Време зa читање: 3 минути

    Европската централна банка одлучи да ги задржи основните каматни стапки на сегашното екстремно ниско ниво, и засега да не ги намалува финансиските стимулации за економиите во еврозоната преку програмите за купување обврзници.

    Еурибор е просечна каматна стапка со која група на европски банки си позајмуваат пари едни на други, за кои во нашата земја се врзани повеќето кредити во евра.

    Централната банка на 19-членскиот монетарен блок исто така соопшти дека очекува инфлацијата во еврозоната во догледно време да остане под целта на ЕЦБ за помалку од 2,0 проценти.

    „Нето-набавките во рамките на програмата за итни набавки во пандемијата во текот на следниот квартал ќе продолжат да бидат многу посилни отколку во текот на првите месеци од оваа година“, се вели во соопштението на ЕЦБ.

    ЕЦБ месечно во овој квартал купувала околу 80 милијарди евра долг месечно во рамки на програмата за итни набавки во пандемијата, во споредба со околу 62 милијарди евра во првиот квартал.

    „Оваа одлука веројатно нема да ги разниша пазарите на капитал, бидејќи членовите на Управниот совет, вклучително и претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, јасно ставија до знаење дека централната банка е повеќе склона да внимава отколку да ризикува со предвремени намалувања на програмата за итни набавки во пандемијата од 1,85 трилиони евра.“, проценува британската агенција.

    Предвременото повлекување на овие стимуланси може да го забрза веќе загрижувачкиот раст на трошоците за позајмување и да го задуши економското закрепнување на еврозоната, која излегува од двојната рецесија во која се најде на почетокот на годината.

    „Придржувајќи се кон своите долгогодишни упатства, ЕЦБ исто така изјави дека програмата за итни набавки во пандемијата ќе трае до март 2022 година и дека го задржува правото да ги намалува или зголемува месечните квоти за купување по потреба, со цел да ги одржи поволните услови за финансирање.

    „Управниот совет е подготвен да ги прилагоди сите свои инструменти, колку што е потребно, со цел да обезбеди континуирано движење на инфлацијата кон целта“, се додава во соопштението.

    Што се однесува до инфлацијата, Лагард на прес-конференција рече дека таа се зголемила во последните месеци како резултат на ниската компаративна основа, привремените фактори и зголемувањето на цените на енергијата.

    „Инфлацијата се очекува да продолжи да расте во втората половина на годината, пред да започне да паѓа како минлив фактор што исчезнува“, рече претседателот на ЕЦБ, додавајќи дека главната инфлација се очекува да остане под блиската цел, под 2,0 проценти.

    ЕЦБ денес презентираше и ажурирани економски проекции за еврозоната. Банката сега очекува раст на бруто домашниот производ од 4,6 проценти оваа година и 4,7 проценти во 2022 година, при што двете стапки се ревидирани погоре.

    Во однос на инфлацијата, ЕЦБ исто така ги зголеми своите предвидувања во однос со проекциите во март и сега предвидува годишна инфлација од 1,9 проценти во 2021 година и 1,5 процент во следната година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично