Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата повработен во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 104.3.
Ваквото зголемување се должи, пред сé на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (10.6 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.8 %) и Транспорт и складирање (7.4 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (2.1 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (1.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (1.9 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2019 година, изнесува 25.104 денари.
Додека просечните плати во финансиските дејности и дејности на осигурување се движат од 31.653 до 42.476 денари во месец јули 2019 година, односно со просек 41.261 денари.