ПОВЕЌЕ

    Донација од 120 милиони долари од директорот на Нетфликс за колеџите за афроамериканци

    Време зa читање: < 1 минутa

    Генералниот директор на Нетфликс, Рид Хастингс и неговата сопруга Пети Квилин денеска најавија дека ќе донираат 120 милиони долари на колеџи и универзитети за афроамериканци, како одговор на граѓанските немири кои избија во САД и ќе помогнат во борбата против финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

    Тоа не принуди да сфатиме дека нашиот дел од ова, Америка да биде земја во која сите сакаме да бидеме, е да се фокусираме на образованието, изјави Хастингс.

    Донацијата ќе биде направена преку колеџите Морхаус и Спелман и Фондот на колеџот Обединети афроамериканци.

    Претседателот на Морхаус, Дејвид А. Томас го поздрави таквиот потег како гест кој ќе покаже дека „историските колеџи за афроамериканците треба да се вреднуваат на ист начин како што ги почитуваме нашите најуспешни додипломски универзитети во земјата”.

    ОХРИДСКА БАНКА ВРАБОТУВА [ Л И Н К ]
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично