ПОВЕЌЕ

    Донација на храна од Комерцијална банка по повод Светскиот ден на гладта

    Време зa читање: < 1 минутa

    Со донација на 42 пакети храна Комерцијална банка повторно го даде својот придонес за ублажување на потешкотиите со кои се соочуваат социјално ранливите групи граѓани во земјава.

    Вработените и менаџментот во Банката несебично донираа средства за набавка на прехранбени производи, кои преку Црвениот крст на Општина Центар треба да стигнат до семејствата и поединците на кои им се неопходни. Оваа хумана акција, спроведена по повод Светскиот ден на гладта (16 Октомври), е дел од стратегиските заложби на Комерцијална банка преку општествено одговорни практики да се намали сиромаштијата во земјава и да се подигне свеста за потребата од поголема грижа за квалитетот на животот на сите граѓани.

    Дел од тие заложби Банката традиционално ги реализира преку организацијата на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично