ПОВЕЌЕ

    ДОЛГОВИ: Има ли некакви поволности за граѓаните?

    Време зa читање: 2 минути

    Како се решаваат долговите кога граѓаните реално не можат да ги отплатат обврските? Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Катерина Бошевска, генерален директор на ЕОС Матрикс Македонија, објаснува дека компанијата управува со портфолио од околу 150.000 случаи, што ја позиционира како еден од најголемите управувачи со побарувања во земјата. Во разговорот се отвора прашањето кога е можно реструктурирање на обврските, дали може да има делумно намалување на долгот и како се носат одлуките во случаи кога должниците се соочуваат со сериозни финансиски потешкотии. Социјалниот аспект е значаен бидејќи зад секој предмет стои конкретна животна ситуација и реална можност за отплата. Целта е да се најде решение кое ќе овозможи затворање на обврската, но и одржлив пристап и за должникот и за доверителот.

    „За тој износ на долг ние може да договориме дали одговара да го платите еднократно или сакате да го плаќате на рати. Друго ние не можеме да договараме. Тоа е тоа. Или сакате на три пати, или сакате на три години, или сакате еднократно заради поповолности. И тука преговорите се различни… Пак ќе кажам, ако побрзо платите ние можеме да направиме анализа за да видиме, затоа што ние повторно гледаме колку тие пари вредат денес, ако доколку би ги чекале. Затоа што ние го преземаме долгот на момент на пресек. Тоа е тоа задолжување. И оттука ние немаме ништо со тие договорни специфики кои што би биле во банката. Не, ние преземаме апсолутен долг во моментот на пресек. На тој и тој ден, сте должеле 100 единици, тие 100 единици сега преминуваат во ЕОС Матрикс, и оттука па натака ЕОС Матрикс, да, ги бара тие 100 единици, но се договараме, тие 100 единици денес вредат волку, утре вредат толку и така натаму. Не вршиме никакви банкарски операции… Каматата што била кај банката, престанува да тече во денот на пресек и ние ја преземаме. Ние не пресметуваме таков тип на камати, така што тоа е предноста што ја имаат граѓаните.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично