ПОВЕЌЕ

    Доларот зајакна во однос на групата ривалски валути

    Време зa читање: < 1 минутa

    На берзите во европските валути, доларот порасна за 0,2 проценти во однос на корпата ривалски валути на 91.989 поени во 8 часот по средноевропско време, пренесува Ројтерс.

    Индексот на доларот е зајакнат за повеќе од 2 проценти од почетокот на годинава, поттикнат од забрзувањето на вакцинацијата против Ковид-19 во САД и очекувањата дека пакетот економски стимули на администрацијата на Бајден, вреден 1,9 милијарди долари.

    Еврото ослабе 0,3 проценти во однос на американската валута и се тргуваше на 1,19025 долари.

    Турската лира се стабилизира по остриот пад од 7,5 проценти во понеделникот, предизвикан од неочекуваната одлука на претседателот Таип Ердоган да го замени гувернерот на централната банка минатиот викенд.

    Лирата порасна за 0,6 проценти во европската трговија утрово во однос на американскиот долар.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично