ПОВЕЌЕ

    Дојче банка сака да ги прекине сите деловни врски со Доналд Трамп

    Време зa читање: 2 минути

    Дојче банка се обидува да излезе од аранжманите за кредит со Доналд Трамп, потврдија за Ројтерс добро информирани извори од банката.

    Станува збор за 340 милиони долари, што е износот на трите преостанати заеми што беа одобрени на „Организацијата Трамп“, со која сега управуваат двајцата синови на Трамп.

    Иако заемите доспеваат во 2023 и 2024 година, и иако нема страв дека Трамп можеби нема да може да ги врати, банката сака да се повлече од зделката со Трамп во променетите политички околности по претседателските избори што ги доби противкандидатот на Трамп Бајден.

    Претходно беше познато дека Дојче банка ги преиспитува своите односи со Трамп, но „неговата неодамнешна ревност да ги прекине сите врски и контури на дискусии во светло на изборите не беше претходно објавена“, се наведува во написот на Ројтерс.

    Врските на Доналд Трамп со Дојче банка „траат подолго од кој било негов брак и се скриени во поголема тајност“, пишува Фајненшл тајмс во извештајот за нивната врска.

    Од околу 1998 година, банката му позајми на Трамп најмалку 2 милијарди долари, изјави висок службеник на банка за Ројтерс.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично