ПОВЕЌЕ

    Диомидис Николетопулос: Стопанска банка е во најдобра кондиција од кога било

    Време зa читање: 3 минути

    фото: Вечер

    Стопанска банка АД – Скопје е во најдобра кондиција од кога било претходно – здрава, силна и профитабилна, со силен капацитет за заштита на интересите на депонентите како и интересите на сите вклучени страни. Ова го вели Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка – Скопје осврнувајќи се на шпекулациите кои се јавија во изминатиот период околу стабилноста на банкарскиот систем во земјава, конкретно за Стопанска банка, што создаде забуна кај граѓаните, но влијаејќи и на реномето на банкарскиот сектор туку и на економијата во целина.

    „Не го знаеме изворот на шпекулациите ниту нивната намера, тоа е во надлежност на други, државни органи, но мора да нагласиме дека сепак огромно мнозинство од граѓаните веруваат во банкарскиот систем“, вели Николетопулос во интервју за весникот Вечер.

    Тој нагласува дека со години наназад, Стопанска банка е една од најдобрите, ако не и најуспешната Банка во државата. Дури и во година на пандемија и затворања, Банката постигна исклучителни резултати и одлична профитабилност. 2020 година ја заврши со позитивен резултат од 32 милиони евра, а овој тренд продолжува и годинава. Објавените резултати од првото тримесечје бележат 9 милиони евра добивка пред оданочување според меѓународни стандарди. Располага со најголемо кредитно портфолио од 1,2 милијарди евра, силна депозитна база од 1,4 милијарди евра и најголем банкарски капитал во земјата од речиси 300 милиони евра со кои адекватно се покриени сегашните и идните потреби за капитал на Банката.

    „Не само што воопшто нема никаков проблем, напротив, Стопанска банка е во најдобра кондиција од кога било претходно – здрава, силна и профитабилна, со силен капацитет за заштита на интересите на депонентите како и интересите на сите вклучени страни“, вели Николетопулос во интервјуто за Вечер.

    Тој додава дека како и досега, репутацијата на Банката, сигурноста на депозитите и воспоставениот оперативен модел, изграден следејќи ги најдобрите практики и високите светски стандарди, претставуваат врвен приоритет и уверува дека средствата на граѓаните се целосно сигурни во банката.

    „Како и секаде во светот така и кај нас, некои од нашите граѓани се почувствителни дури и на целосно неосновани (па ќе ми дозволите да кажам, дури и смешни) гласини и полесно се манипулирани од страна на оние што, од непознати причини, гледаат интерес во нарушување на довербата во банкарскиот систем, вели тој додавајќи дека силна препорака до граѓаните е да ги анализираат изворот, валидноста и рационалноста на информациите кои доаѓаат до нив, критички да ги проверат и да го формираат своето мислење консултирајќи упатени лица во оваа област со објективни факти како финансиските извештаи, кои Банките транспарентно ги објавуваат за своето работење на секои 90 дена, но и со вработените во банките, како и со компетентните институциите и авторитети за надзор на работата на банките, како што е Централната банка.

    Во однос на влијанието на пандемијата врз работењето на банката Николетопулос вели дека 2020 година Стопанска банка ја завршила со позитивен резултат од 32 милиони евра, а во првото тримесечје годинава бележи 9 милиони евра добивка пред оданочување.

    „Располагаме со најголемо кредитно портфолио од 1,2 милијарди евра, силна депозитна база од 1,4 милијарди евра и најголем банкарски капитал во земјата од речиси 300 милиони евра со кои адекватно се покриени сегашните и идните потреби за капитал на Банката“, вели Николетопулос, при што додава дека финансиските резултати и на ниво на НБГ Групацијата за 2020 година се одлични, достигнувајќи добивка од 328 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично