Денес, 23 април 2025 година, со почеток во 13:00 часот (CET), ќе се одржи регионална панел-дискусија на тема „Cyber Threats & Solutions: Digital Protection in 2025“, во организација на Balkan Digital. Настанот ќе се емитува во живо преку LinkedIn Live и ќе донесе значајна регионална размена на искуства, перспективи и предлози за унапредување на кибер-безбедноста.
Во време кога дигиталните закани еволуираат, а Европската унија воведува нови правила преку NIS2 директивата, региони како Балканот се наоѓаат на пресвртница: потребата за унапредување на безбедносните капацитети расте, но истовремено се отвораат и прашања за техничка подготвеност, регулаторна усогласеност и улогата на вештачката интелигенција во идентификување и превенција на ризици.
Во фокусот на панел дискусијата ќе бидат:
- Тековните кибер-закани во Балканскиот контекст,
- Европската NIS2 директива и што значи таа за јавниот и приватниот сектор,
- Практични решенија за градење дигитална отпорност, пресекот меѓу вештачката интелигенција и кибер-безбедноста.
Говорници на панелот се:
Владимир Радуновиќ (Србија / Словенија)
Директор на програмите за е-дипломатија и кибер-безбедност при DiploFoundation. Со над 20 години искуство во меѓународни институции, вклучително и Советот на ОН за интернет управување, неговата експертиза ги поврзува технолошките прашања со глобалните политики и регулативи.
Красимир Коцев (Бугарија)
Генерален директор на SoCyber и основач на Kikimora .io. Познат по својата работа во етичко хакерство и развој на АИ-решенија за следење на ранливости и кибер-интелигенција. Препознаен од Forbes 30 Under 30, тој е активен учесник во создавање иновации во безбедносниот сектор.
Миле Орeшковиќ (Македонија)
Ко-основач на Sia Soft и поранешен извршен директор на Sia Secure – стартап поддржан од Techstars. Со повеќе од една деценија искуство во комуникациска безбедност и криптографија во воени и владини системи, тој донесува практична перспектива од високо-безбедносни проекти.
Модератор на дискусијата:
Васко Карангелески (Македонија)
Неговиот фокус ќе биде на водење динамична и насочена дискусија, отворајќи клучни прашања за иднината на дигиталната заштита и поттикнување интеракција со публиката.
Панелот е отворен за сите заинтересирани професионалци, претставници на институции, компании, ИТ-експерти, студенти и сите што се засегнати од прашањата за дигитална трансформација и безбедност. Сесијата ќе заврши со Q&A дел, каде гледачите ќе имаат можност директно да поставуваат прашања до панелистите.
Панелот ќе се емитува во живо во 13:00 часот на LinkedIn Live на следниот линк:
https://www.linkedin.com/