ПОВЕЌЕ

    Девизните резерви во јуни 4,33 милијарди евра

    Време зa читање: 2 минути

    За 44 милиони евра се зголемени официјалните девизни резерви. На крајот од јуни се на ниво од  4.337,5 милиони евра, информираат од Народната банка.

    Најголем дел од девизните резерви – 60,1 процент, се пласирани во хартии од вредност. Потоа со 28,8 проценти следуваат валутите и депозитите, а 11,1 отсто се чуваат во монетарно злато.

    Инаку, по дефиниција, девизните резерви се средства веднаш достапни и расположливи за монетарната власт, во чија надлежност е и контролата врз нив. Служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар. Пред сѐ, за да се влијае врз девизниот курс, како и за други цели. Во суштина, основната функција им е да ја заштитат економијата од негативни надворешни шокови, за редовно сервисирање на надворешниот јавен долг и интервенции на девизниот пазар.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично