ПОВЕЌЕ

    Дали наплатата на долгови е „СИВА ЗОНА“?

    Време зa читање: 2 минути

    Индустријата за управување со побарувања често се перцепира како „сива зона“, особено поради чувствителниот однос меѓу доверителите и должниците. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Катерина Бошевска, генерален директор на ЕОС Матрикс Македонија, објаснува дека компаниите работат врз основа на законски механизми и утврдени процедури, но дека јавноста често ја поврзува оваа индустрија со негативни искуства од минатото. Таа посочува дека улогата на извршителите е дел од системот за наплата кој функционира согласно законската рамка. Според неа, клучно е да се воспостави баланс меѓу заштитата на доверителите и реалните можности на должниците. Поголема транспарентност и јасни правила може да придонесат за поголема доверба во целиот процес.

    „Законот за облигација во суштина го уредува работењето на нашите компанија, на компанијата која што ја претставувам и на други такви, слични компании. Она што е суштински е дека ние застануваме на страната, првенствено влегуваме како поддршка на доверителот и се трудиме во постапката да обезбедиме брза и поефикасна наплата на поставениот, односно на реализираните побарувања. Тоа е таму каде што ние настапуваме. Целата правна постапка на наплата ја почитуваме онака како што е уредена во нашата законска норма, како што и самите напоменавте, тоа е Законот за извршување, за Нотарски налог, за платен налог и така натаму се до процесот на извршување. Впрочем, и нашите случаи, скоро 70% од случаите, ни се во извршна постапка, што значи дека и ние ги користиме, го користиме тој метод за реализација.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично