ПОВЕЌЕ

    Дали биткоин и етериум се премногу скапи?

    Време зa читање: 2 минути

    Иако на пазарот на криптовалути има многу обожаватели и страсни инвеститори, главната вест е дека пазарната капитализација на биткоинот за прв пат надмина еден трилион долари.

    Тоа се случи во петокот кога цената на биткоинот беше нешто помалку од 55.000 американски долари. Ако тоа го помножиме со моменталната понуда на биткоин (18,6 милиони), ќе добиеме нова пресвртница. Биткоинот незапирливо руши нови рекорди, достигнувајќи 57.500 долари, а Етериумот за прв пат помина 2.000 долари.

    Ентони Помплиано, ко-основач и партнер во „Morgan Creek Digital Assets“, има поинакво мислење. Тој предвидува дека биткоинот, чија понуда е ограничена на 21 милиони монети (и нема печатење како кај редовните валути), може да достигне 500.000 долари до крајот на деценијата, а потоа може да оди дури и до еден милион.

    „Верувам дека биткоинот на крајот ќе стане резервна валута во светот и дека неговата пазарна капитализација ќе ја надмине пазарната капитализација на златото“, рече тој за CNBC.

    Кога биткоинот ја скрши “магичната граница” од трилиони долари, тој објави на Твитер: „Почивајте во мир, мечки“.

    Тој ги имаше во предвид сите оние кои постојано предупредуваа дека еуфоријата отиде предалеку. Илон Маск има огромно искуство со такви скептици, бидејќи отсекогаш се соочувал со оние кои биле убедени дека акциите на Тесла биле страшно преценети. Во последно време, Маск е главен „играч“ на пазарот на крипто-валути, особено откако Тесла купи 1,5 милијарди долари во биткоини.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично