ПОВЕЌЕ

    Дали Африка конечно се отвори кон криптовалутата?

    Време зa читање: 2 минути

    Комисијата за хартии од вредност на Нигерија (ДИК) неодамна издаде правилник за уредување на криптовалутите. Според регулаторното тело, на постојните издавачи на дигитални средства (криптовалути) ќе им биде обезбеден рок од три месеци да поднесат соодветна регистрација до ДИК.

    Клучно, позицијата на регулаторот е дека “виртуелните крипто средства претставуваат хартии од вредност, освен ако не се докаже спротивното“. Во овој случај, товарот на докажување ќе лежи на самите издавачи на криптовалути. Истите ќе треба докажат дека крипто средства кои ги издаваат не преставуваат хартии од вредност и како такви не потпаѓаат под надлежност на регулаторот.

    „Општата цел на регулативата не е да ја попречува технологијата или да ја задушува иновативноста, туку да создаде стандарди кои ги поттикнуваат етичките практики“, пишува регулаторот во соопштението.

    Инаку, поради многубројните финансиски сакандали и измами со криптовалути во Нигерија, ставот на тамошните власти према овие финансиски средства досега беше претежно негативен.

    Сега, со целосна поддршка на Комисијата за хартии од вредност на Нигерија, индустријата за криптовалути ќе непречено да се развива, на начин кој што е регулиран и ги соодветно ги штити инвеститорите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично