ПОВЕЌЕ

    Да научиме малку повеќе за структурата на индексот МБИ10 на Македонска берза

    Време зa читање: 3 минути

    Кратка историја за индексот МБИ10

    Од 01.11.2001 година Македонската Берза АД Скопје започна со пресметување на Македонскиот Берзански Индекс (МБИ), кој беше составен од петте најликвидни акции на Македонската Берза: Алкалоид АД Скопје, Европа АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, Макпетрол АД Скопје и Топлификација АД Скопје. МБИ беше ценовен, непондериран индекс, кој, како прв берзански индекс во Република Македонија, ја изврши својата функција на воведување на агрегатен показател за квантифицирање на берзанските движења.

    Уште при воведувањето на МБИ во 2001 година се заклучи дека после одредено време и понатамошен развој на пазарот на капитал, Македонската Берза треба да воведе пондериран индекс. Така, со развојот на Македонската Берза се појави потребата од воведување на нов, пондериран индекс на Македонската Берза.

    Од тие причини, од 4.1.2005 година беше воведен новиот Македонски Берзански Индекс (МБИ10), со чија пондерација преку пазарната капитализација се овозможува пореално прикажување на движењата на цените на Македонската Берза.

    Пресметувањето на МБИ10 се врши согласно Методологијата за пресметување на Македонски Берзански Индекс – МБИ10.

    МБИ10 се состои од најмногу 10 котирани акции на Официјалниот пазар на Македонската Берза, избрани од страна на Комисијата за берзански индекс, според критериумите наведени во Методологијата. Комисијата за берзански индекс, редовно (два пати годишно) и вонредно (во случај на вонредни околности) врши усогласување на структурата на МБИ10 со состојбата на пазарот.

    Комисијата за берзански индекс, одлучи за почеток МБИ10 да биде составен од обичните акции на следните 10 котирани друштва: Алкалоид АД Скопје, Топлификација АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, Макпетрол АД Скопје, Фершпед АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Гранит АД Скопје, Македонијатурист АД Скопје, Европа АД Скопје и Охридска банка АД Охрид. За база на МБИ10, со вредност 1.000 се зема вредноста на индексот на 30.12.2004 година.

    Со отпочнувањето на пресметувањето на МБИ10, Македонската Берза престана да го пресметува индексот МБИ. На последниот ден од неговото постоење, 30.12.2004 година, вредноста на МБИ изнесуваше 1.350,23 индексни поени, што во однос на почетокот на неговото пресметување е пораст од 35%.

    Со последната ревизија која се утврдува два пати годишно на индексот МБИ10 од 17.6.2019, подолу во табелата е неговата моментална структура. Следната ревизија е на 15.12.2019.

    Повеќе за индексот МБИ10 и останати берзански содржини на интернет-страницата на Македонска берза.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично