ПОВЕЌЕ

    Централните банки во потрага по злато – највисок скок на цената на златото по 2013 година

    Време зa читање: 2 минути

    Централните банки во светот купуваат многу повеќе злато и тој тренд ќе остане во наредните неколку години

    Во моментов, кога постои неизвесност на пазарите, има добра причина зошто земјите како Русија, Турција, Казахстан и Кина продолжуваат со диверзификација на нивните портфолија. Централните банки на овие земји се „во потрага“ по злато.

    Акумулацијата на златото од страна на централните банки се појавува како важен тренд во глобалниот пазар. Тоа ја зацврствува поддршката на цените коишто се качија на највисокото ниво од 2013 година поради зголемената побарувачка. Властите ги зголемуваат резервите како што растот се успорува. Изминатиов период, трговијата и геополитичките тензии растат, а некои земји се обидуваат да диверзифицираат подалеку од доларот. Според ANZ (банкарска групација на Австралија и Нов Зеланд) купувањата на злато во моментов се на ниво од 10% од светската потрошувачка.

    Централната банка на Кина има речиси 1.936 тони злато, што е 3% од вкупните нејзини девизини резерви. Банката ги зголеми резервите на злато во месец јули. Темпото се очекува да го задржи до месец декември.

    Централните банки во потрага по злато додадоа 374,1 тони во првите 6 месеци од оваа година. Од нив дури 224,4 тони акумулираа во вториот квартал, а со тоа ја зголемија побарувачката за злато на високо ниво од 3 години, според World Gold Council. Минатиот вторник златото се тргуваше за 1.529,15 амер. долари по унца (28,34 грама), откако го допре плафонот од 1.555,07 амер. долари минатиот понеделник. Овој скок на цената на златото не е забележан од 2013 година.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично