ПОВЕЌЕ

    ЦЕНИТЕ РАСТАТ, ИНФЛАЦИЈАТА НАПРЕДУВА – во декември 4,4 проценти

    Време зa читање: 3 минути

    Годишната стапка на инфлација во декември е 4,4 проценти, цените на мало се повисоки за 4,3 насто. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат поскапување на голем број производи и услуги. Трошоците на живот кај храната и безалкохолните пијалаците се зголемени за 2,9 насто на годишно, а на месечно се намалени за минимални 0,3 отсто.

    Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември, а во однос на ноември е 0,3 проценти. Во тоа време индексот на трошоците на животот бележи раст од 3,5, а индексот на цените на мало за 3,8 проценти.

    Движењето на индексот на трошоците на животот во 2024 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката, посочуваат од Статистика.

    Листата на поскапувања е подолга. За 9,9 насто има зголемување во групата ресторани и хотели, за 7,6% во алкохолни пијалаци, тутун и наркотици. Понатаму, кај групата здравје се измерени дополнителни 5,3 %; кај разновидни стоки и услуги 5,1%; рекреација и култура за 4,9; мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 3,8%; облека и обувки за 3,1%; комуникации, храна и безалкохолни пијалаци за 2,9%. Исто така, повисоки се трошоците за живот и во транспорт, домување, вода, електрика, гас и други горива за 1,4% и образование за 0,2%.

    Што се однесува до движењето на индексот на цените на мало во 2024 година, различно е кај одделни групи производи.

    Пораст на индексите е забележан во сите групи, велат од ДЗС и ги наведуваат: земјоделски производи за 7,1%; услуги за 5,0%; пијалаци за 4,0%; индустриско-прехранбени производи за 3,5%; индустриско-непрехранбени производи и тутун за 2,1%.

    Зголемувањето, пак, на месечната инфлација е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: транспорт за 4,8%; рекреација и култура за 1,7 %; ресторани и хотели за 0,4%; облека и обувки за 0,2%; разновидни стоки и услуги за 0,1%.

    На месечна основа – деекември во однос на ноември, намалување на трошоците на животот е регистрирано кај комуникации за 0,4%; храна и безалкохолни пијалаци за 0,3%; мебел, покуќнина и одржување надомаќинствата за 0,2%.

    Трошоците на животот во групите: алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

    Индексот на цените на мало во декември, во однос на ноември 2024 година изнесуваше 101.2. Што значи, зголемени се за 1,2 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично