ПОВЕЌЕ

    Како функционира блокчејн технологијата?

    Време зa читање: 2 минути

    Блокчејн е peer-to-peer софтверска технологија што го штити интегритетот на дигиталните информации. Основан е за создавање на биткоин, но може да се користи за други криптовалути преку Интернет-системи. Да разгледаме како функционира блокчејн. Секој користи хартиени пари.

    Кога ќе добиете банкнота од 1000 денари, имате доверба дека не е лажна. Ако наместо тоа некој ви испрати емаил кажувајки, еве ви 1000 денари, веројатно нема да му верувате. Но, кога пренесуваме пари, користиме банкомат или плаќаме со депозитната картичка, точно тоа што го правиме. Ние испраќаме пари преку дигитална порака. За да бидете сигурни дека никој не лаже или испраќа пари што ги нема, овие „пораки“ минуваат низ неколку доверливи банки кои водат евиденција за сè. Тие знаат колку пари има секоја страна и одзема и додава за секоја трансакција.

    Но, ова станува скапо кога има милион трансакции низ целиот свет, секоја минута. Економистите проценуваат дека банките во Америка наплатиле повеќе од 1,7 трилиони долари за да ги процесираат сите плаќања во 2014 година. Тоа е околу 2% од целата светска економија! Со Блокчејн  можеме да заштедиме многу од оваа цена, затоа што ни овозможува да испраќаме пари исто како и испраќање емаил. Наместо да испраќате многу информации за плаќање преку неколку сервери, Блокчејн  користи илјадници персонални компјутери на Интернет. Сите трансакции се копираат и се прави проверка помеѓу секој компјутер во системска книговодствена книга.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично