ПОВЕЌЕ

    Бил Гејтс e најголемиот сопственик на земјоделско земјиште во Америка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Бил Гејтс кој себеси се нарекува бубалица, и кој е официјално во топ 5 најбогати луѓе во светот купил 242.000 хектари земјоделско земјиште во САД.

    Ленд рипорт откри дека Гејтс купил земјоделско земјиште во 18 американски држави.

    Неговите најголеми имоти се во Луизијана (69.071 хектари), Арканзас (47.927 хектари) и Небраска (20.588 хектари).

    Покрај тоа, Гејтс има удел во 25.750 хектари земјиште на западната страна на Феникс во Аризона. Земјиштето го поседува директно и преку компанијата Каскејд инвестментс.

    Иако може да биде изненадувачки што еден технолошки милијардер ќе биде и најголемиот сопственик на земјоделско земјиште во земјата, ова не е единствен влез на Гејтс во земјоделството.

    Во 2008 година Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс најави 306 милиони долари неповратни средства за промоција на одржливо земјоделство со висок принос на малите земјоделци во супсахарска Африка и во Јужна Азија. Не е  јасно како Гејтс планира да го користи земјоделското земјиште.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично