ПОВЕЌЕ

    Бесими: Поволни 50 милиони евра за МСП, Владата активно работи на поддршка на домашните компании

    Време зa читање: 2 минути

    Владата обезбеди пристап до нови 50 милиони евра поволни средства за домашните компании од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ). Ова е дел од активностите што ги спроведува државата преку Министерството за финансии за поддршка на домашните компании и домашната економија со обезбедување поволни средства за своите инвестиции.

    „По повеќемесечни преговори на Министерството за финансии со Банката за развој на Советот на Европа, на 17 ноември беше донесена одлука од страна на Административниот совет на ЦЕБ за одобрување на Програмски заем од 50 милиони евра за Република Северна Македонија кој ќе се реализира преку Развојната банка на РС Македонија. Ова е дел од она што го правиме како Владата за да ги поддржиме компаниите и во време на криза да ја одржат својата ликвидност, но и да реализираат свои инвестициски проекти за да обезбедат раст на своите компании, а со тоа и раст на економијата во целост“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

    Тој додаде дека покрај овие средства, кои треба да бидат достапни за компаниите до крајот на годината, се реализираат и активности за рализирање програми со поволни финансиски средства за претпријатијата од Европската инвестициска банка во износ од 100 милиони евра, како и со Француската развојна банка во износ од 50 милиони евра. Значително е дека начинот на кој се креирани програмите ќе обезбедат инвестиции од двојно поголем износ.

    Средствата од оваа програма од Банката за развој на Советот на Европа ќе се пласираат до крајните корисници, мали и средни претпријатија, преку комерцијалните банки, а може да ги користат за основни и обртни средства и со тоа да отворат нови работни места.

    Владата е посветен партнер на бизнис секторот. Покрај обезбедените средства преку овие програми, поддршка ќе дојде и од Буџетот преку реализацијата на инвестициските проекти во кои ќе бидат вклучени домашните компании.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично