ПОВЕЌЕ

    Базел III „бара“ од банките 400 милијарди евра капитал

    Време зa читање: 2 минути
    На европските банки можеби ќе им требаат дури 400 милијарди евра капитал за да бидат во склад со новите правила кои имаат за цел да го направат глобалниот финансиски систем полесно да ги сноси потенцијалните загуби, покажа студијата нарачана од банкарското лоби на Европската Унија.

    Според новите правила, познати како Базел III, ќе се ограничи степенот во кој капиталните слоеви на банката, според моделите на ризици на заемодавателите, би се разликувале од нивоата на поконзервативните стандардни модели.

    Целта на правилата на Базел III, што ЕУ го усогласи со Соединетите држави, е да ја зголеми способноста на банките да издржат поголеми финансиски шокови.

    Студијата Copenhagen Economics, објавена во четвртокот, ја нарача Европската банкарска федерација и групата на националните банкарски лоби за да го анализираат влијанието на Базел III банкарските правила, пред тие да постанат закон во Европа.

    Италијанското банкарско лоби им даде копија од студијата на новинарите.

    Студијата исто така предупреди за влијанието на реалната економија, во кое се наведува дека новите правила ќе се претворат во повисоки трошоци на задолжување за домаќинствата и деловните субјекти.

    Дури и по пресметката на маргиналната придобивка од растот на производството во посигурен финансиски систем, студијата посочува на нето трошоци во однос на изгубениот раст, еквивалентен на 0,4% од бруто домашниот производ, како резултат на паѓањето на инвестициите.

    Комесарот за финансии на ЕУ, Валдис Домбровскис, кој неодамна изрази загриженост за ризикот од значителното зголемување на капиталот на банките според новите правила, минатата недела рече дека Европската комисија има намера во вториот квартал на 2020 година да даде предлог за промена на тие нови правила во ЕУ.

    Европската агенција за банкарство во јули објави дека водечките заемодаватели во Европа, колективно можат да се соочат со недостаток од 135 милијарди евра – или за 24,4% зголемување на потребниот основен капитал – за да се исполнат новите правила за глобалниот капитал до 2027 година.

    Извор: Bankar.rs

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично